Германската федерална разузнавачка служба (БНД) предупредува дека борци на терористичката група Исламска држава продолжуваат да се обучуваат како да се преправаат во бегалци, за да достигнат до Европа како мигранти, пренесе ТАСС.Во статија во весникот „Билд ам Зонтаг“ по повод годишнината од нападите во Париз, од БНД истакнуваат дека борците на Исламска држава се учат да се прикриваат меѓу мноштвото бегалци и потоа да не привлекуваат сомневање.
Екстремистите вежбаат и можно однесување при паѓање во полицијата, како и постапки при поднесување на барање за азил.
Федералната разузнавачка служба утврдила дека деветте терористи кои ги извршија нападите во Париз на 13 ноември 2015 година, пристигнале во Европа токму како бегалци.
Последните податоци на германските специјални служби добиени од електронски уреди, сопственост на бомбашите Наџи Лашрауи и Брахим Бакрауи, кои извршија напад во Брисел на 22 март оваа година, покажуваат дека пред една година требало да биде извршен напад не само во Франција, туку и во Холандија. Целта требаше да биде Амстердам -аеродромот „Шипхол“.Во статија во весникот „Билд ам Зонтаг“ по повод годишнината од нападите во Париз, од БНД истакнуваат дека борците на Исламска држава с