Исламската држава ги хакираше профилите на американската Централна команда на социјалните мрежи!

Профилот на американската Централна команда (CENTCOM) на Твитер, се чини дека е хакиран од група која тврди дека ја поддржува Исламската држава.Во една од пораките стои: „Американски војници чувајте се, доаѓаме.“
Пораката ја потпишува ИСИС, што е еден од називите на Исламската држава. Некои од интерните воени документи, исто така се појавиле на профилот на CENTCOM.
Хакерскиот напад се случи во периодот кога Барак Обама се подготвувал да одржи говор за безбедноста на интернет.
Неговиот гласноговорник Џош Ирнест, изјави дека се истражува хакирањето на Твитер профилот на CENTCOM.
Тој рече дека се истражуваат размерите на инцидентот и дека постои битна разлика помеѓу нарушување на приватноста на податоците и хакирањето на профил на Твитер.
Некои од поставените документи содржат имиња и телефонски броеви на припадници на војската, како и слајдови и мапи на Power Point.
Исто така, хакиран е профилот на CENTCOM и на Јутјуб.
Во една од пораките стои: „Американски војници чувајте се, доаѓаме.“
Пораката ја потпишува ИСИС, што е еден од називите на Исла

Пронајдете не на следниве мрежи: