Исламската држава ја надмина и Ал Каеда

Loading...

Наглиот подем на екстремистичката организација „Исламска Држава“, позната и како ИСИС, ги изненади многумина, меѓутоа експертите за Блискиот исток истакнуваат дека оваа група, која изникнала од Ал Каеда, веќе со години јакне како во Ирак, така и во Сирија, пишува „Гласот на Америка“.Уште пред да се повлечат американските трупи од Ирак во 2011 година, „Исламската Држава“ почна да создава професионална војска, да разгорува секташки немири, да спроведува бомбашки напади и да прави ѕверства. Војската на Исламската Држава денес има 50.000 борци во Сирија и 30.000 во Ирак, додека само во јули регрутирале нови 5.000.Оваа група, која со своите ѕверства ја надмина дури Ал Каеда, со секавична брзина акумулираше огромна количина на оружје, пари и влијание во регионот. Сето тоа благодарение на војната во Сирија и секташката автократија во Ирак, вели Дејвид Килкален, советник на американскиот генерал Дејвид Петреус за уништување на Ал Каеда во Ирак во текот на 2006 година. Килкален ја води и Керус, консултантска фирма за разузнавачка работа и безбедност, тука во Вашингтон.
Тој вели дека ИСИС, според своето влијание, ја надмина Ал Каеда:- Воено се поспособни, исто така побогати, ја контролираат територијата, вклучувајќи ја и важната инфраструктура и се далеку поголема закана од Ал Каеда. Буквално располагаат со милиони долари добиени од криминалци и киднапирања. Тоа е најбогата терористичка организација на светот, со сириски и ирачки ресурси во вредност од 450 милијарди долари.
ИСИ исто така почна да воспоставува управа по примерот на Хезболах, која функционира како квази државна структура во соседен Либан, вели Џорџ Бенитез, висок соработник на влијателниот Атлантски совет во Вашингтон, кој додава:
– Дури и ги гледаме како во места и градови кои ги окупираа и во Ирак и во Сирија, преземаат разни раководни должности. Всушност, спроведуваат, како што тоа го нарекуваме ние – стратегија за придобивање на јавноста.
Килкален додава: Собираат данок, одржуваат фурни, ги држат училиштата отворени. Воведоа правосудство, болници и јавни дејности.
Во Ирак, ИСИС се впушти во прагматично партнерство со елементи на поранешниот басистички режим. Двете страни идеолошки не се согласуваат, но една на друга пружаат опстанок. Басистите обезбедуваат политичка легитимност, а ИСИС воена моќ.
На ИСИС се приклучуваат многу други групи, главно поради досегашните воени успеси, велат многу експерти. Меѓутоа, други сметаат дека ИСИС сеуште не е проверен на боено поле. Брајан Џенкис, експерт за борба против тероризмот, вели дека мнозиниски сунитската територија која ИСИС ја освоил во Ирак, била лесен плен:
– ИСИС не се покажа како некоја воена сила, која ја порази ирачката војска. Ирачката војска едноставно се повлече, оставајќи зад себе вакуум, кој ИСИС можеше да го пополни.
Џорџ Бенитез ја истакна веста дека ИСИС е поразен односно изгубил контрола над браната во Мосул, како доказ да може јавноста во регионот брзо да види дека ИСИС не е непобедлив. Меѓутоа, Џенкинс, инаку висок советник на Корпорацијата РЕНД, која се бави со истражување на глобалната политика, предупредува дека состојбата на Блискиот исток е трајно нарушена – Ирак и Сирија престанаа да постојат, вели тој.
– Сирија денес ја сочинуваат мозаик од мали територии, кои се под контрола на државата и разни други групи. Тоа ќе продолжи по принципот на калеидоскоп. Ирак де факто веќе се распадна на сунитски, шиитски и курдски дел.
Џенкинс исто така смета дека никаква западна интервенција не може да ги обнови сириската и ирачката држава. Најдобро што може да направи, вели тој, е да контролира хаосот да не се прелее во другите земји од регионот.
Меѓутоа, многу експерти тврдат дека пред се ИСИС треба да се спречи. Како што велат, подемот на Исламската држава е најзначаен развој на настаните на планот на меѓународното движење на џихадистите уште од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Познавачите истакнуваат дека ИСИС ја презема улогата на лидери на глобалниот тероризам насочен кон Западот. Значајни екстремистички движења од Абу Сајафи и Џамате Исламија во Источна Азија, до Боко Харама во Африка, се откажале од Ал Каеда, за да изразат лојалност кон новата, како што многу ја нарекуваат, сурова.Уште пред да се повлечат американските трупи од Ирак во 2011 година, „Исламската Држава“ почна да создава професионална

loading...
Loading...