Исламската држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Ербил

Исламската држава презеде одговорност за денешната експлозија на автомобил-бомба пед американскиот Генерален конзулат во административниот центар на Ирачки Курдистан, Ербил, пришто загинаа најмалку три лица, а петмина беа ранети.ИД на Твитер објави дека нејзини борци успеале да активираат бомба пред заградата на американскиот конзулат во Ербил. Според ИД, во нападот имало „многу убиени и ранети“.
Претходно, градоначалникот на Ербил, Нихад Која, соопшти дека автомобилот-бомба експлодирал пред влезот на американскиот конзулат.
– По сѐ изгледа, цел на нападот бил Конзулатот, изјави Која.
ДПА јави дека најверојатно во автомобилот имало бомбаш самоубиец.
Според очевидци, по експлозијата избувнал пожар кој зафатил неколку возила паркирани во близина на автомобилот-бомба. Локалните медиуми објавија снимки на кои се гледа како од пред зградата на Конзулатот се крева густ црн чад.
Американскиот Конзулат соопшти дека при експлозијата нема жртви меѓу вработените и обезбедувањето на објектот.ИД на Твитер објави дека нејзини борци успеале да активираат бомба пред заградата на американскиот конзулат во Ербил. Според ИД, во нападот имало &

Пронајдете не на следниве мрежи: