Некои книги заслужуваат да бидат преведени на сите јазици на светот. Други, пак, не смееле никогаш да бидат напишани. Земајќи го во предвид наведеното, Институтот за истражување, образование и меѓукултурен дијалог – IRED со седиште во Луксембург, исклучително обрнува внимание и втората книга во своето издание, да биде вистинска интелектуална закуска – овој пат за читателите на земјите од германското говорно подрачје, пишува порталит Identitet.lu.Имено, во текот на изминатата недела, една од најбараните книги на просторите на поранешна Југославија на академикот Ферид Мухиќ „Исламски идентитет на Европа“ ќе го види светлото на денот и на германски јазик.
Од Институтот за истражување, образование и меѓукултурен дијалог – IRED,велат дека преводот на книгата од босански на германски го направила Саима Мирвиќ – Rogge. Лектура на преводот е направено од страна на Ердин Кадуниќ.
Оваа книга на кандидатот за пратеник Мухиќ претставува зборува на темата за идентитетот на Европа. Преку анализа на корените на европскиот идентитет и филозофско мислење, авторот Мухиќ нуди едно четиво, кое како во академските кругови, така и меѓу обичните читатели ќе поттикне појава на сериозно разгледување на европскиот идентитет што ќе се разликува од досегашниот премногу чест и редукционистички приод, пишува Identitet.lu. Горенаведеното ни дава за право да се надеваме дека доаѓањето на книгата за исламскиот идентитет на Европа ќе обезбеди значителен придонес во напорите на Европа да го прифати својот идентитет и да и се помогне да се спротивстави на бранот на исламофобија од која е совладана, од фактот дека, како што самиот автор наведува, нетрпеливоста на Европа наспроти исламот не може да претставува ништо друго туку нејзината прикриена самао-омраза.
Книгата на германски за прв пат ќе биде официјално претставена за време на предавањата на академик Мухиќ на Универзитетот во Луксембург, кои се закажани за 18 ноември, а официјалното претставување во Луксембург ќе се организира на почетокот од следната година.
По повод излегувањето од штампа на изданието на германски јазик, авторот на книгата академик Мухиќ за порталот Identitet.lu, го изјави следново:
Во континуитет кој трае повеќе од 1300 години, идентитетот на Европа, во сите свои аспекти, се формираше со интензивна интеракција помеѓу јудео-христијанската и исламската цивилизација и културната матрица. Европа не е монокултурен туку еминентно мултикултурен континент а европската култура не е ексклузивна туку нагласено инклузивна. Обраќајќи се пред германската читателска публика, оваа книга има амбиција во склад со Хегеловиот поим за историскиот дух како саморазбирање, да го олесни прифаќањето на фактот дека како составениот и суштинскиот елемент на европскиот идентитет, Исламската цивилизација воедно и составниот и суштински елемент на културниот идентитет на сите Европејци, без оглед на нивната религиска, етничка, политичка или било каква друга припадност. Прифаќањето на овие факти претставува неопходен услов за взаемно почитување на сите културни традиции кои ја изразуваат мултикултурната суштина на Европа и со тоа значително се допринесува за нејзината политичка стабилност и единство.“
Книгата содржи 416 страници, а примерокот може да се добие по цена од 20 евра. За сите нарачки и други информации мое да се обратите до издавачот по пат на e-mail адресата: [email protected]
Ферид Мухиќ, радикалниот исламист не ги признава Србите и Хрватите. Браво Заев! – Повеќе за ова прочитајте на следниот ЛИНКИмено, во текот на изминатата недела, една од најбараните книги на просторите на поранешна Југославија на академикот Ферид Мухиќ „Исламски ид