Мешање на енергетски пијалоци со алкохол може да го разбуди телото и исто времено да го успие духот, сеќавањето и мозокот. Млади бидете внимателни.Последните години младите ширум светот- како да не им е доволна младечката енергија која веќе ја имаат- посегнуваат по енергетски пијалоци за да можат уште повеќе, подобро… и плус ги комбинираат со алкохол. Што се можат да бидат последиците од овие коктели, можеме само да нагодуваме, но можеме да ви раскажеме една приказна со не баш убав крај.
Цел ден Ана С. од Минесота била уморна. Од дома излегла ненаспана, нозете ѝ се треселе. Но морала да оди на журка кај својата најдобра пријателка. Попат свратила со паб да собере дел од машката екипа. На влезот скоро се онесвестила. Пријателот ја одвел до шанкот. Набрзо зела енергетска бомба вотка и ред бул. Испила две пијачки и била подготвена да продолжи.
Журката го доживеала врвот кога Ана и пријателите буквално полуделе во станот на пријателката. Ана земала флаша вотка и две лименки енергетски напиток. Повеќе не ѝ била потребна чаша.
Се разбудила во непозната соба во непозната куќа, гола, без ташна, паричник. Од соседната соба слушнала непознати машки гласови. Станала, и веднаш паднала. Не ги чувствувала нозете. Не се сеќавала. Се довлечкала да вратата, ја кренала раката и ја отворила. Видела тројца непознати мажи. А подоцна на Јутуб го видела и видеото со тројца мажи
Последните години младите ширум светот- како да не им е доволна младечката енергија која веќе ја имаат- посегнуваат по енергетски пијалоци за да мо