Испланирал совршено запросување, клекнал, но прстенот му испаднал во океанот: Следело нешто НЕВЕРОЈАТНО!

Планирањето на веридбата претставува стрес за многумина, бидејќи стравуваат што сѐ може да тргне во погрешна насока. Токму тоа му се случило на овој маж.Иако сѐ испланирал до најситен детаљ, во еден момент во океанот му испаднал вереничкиот прстен.
Кејла Херити напишала на својот Фејсбук профил дека нејзиното момче Метју Пика, одлучил да ја запроси на нивното посебно и омилено место, на докот пред ресторанот во Саутпорт во северна Каролина.
Метју клекнал и тогаш почнале проблемите. Во моментот кога ја отворил кутијата со прстенот, тој испаднал и потонал во океанот.
Но, целата ситуација била спасена во последен момент.
Кога прстенот паднал во океанот, веднаш прискокнале во помош членовите од семејството на Кејла и тргнале во потрага по прстенот. Истовремено, во барот седеле тројца мажи кои уживале во дружење и пиво, но во моментот кога виделе што се случува, веднаш се придружиле кон потрагата.
Едниот од нив дури отишол до дома за да земе маска за нуркање. По скоро двочасовната потрага, еден мажите, Кајл Блашер, конечно го пронашол прстенот. И запросувањето можело да продолжи.
„Бевме мокри, уморни, но моментот не можеше да биде посовршен. Сите околу нас ракоплескаа и свиркаа“ – рекла Кејла, додавајќи дека поубаво запросување не можела да посака.
Иако сѐ испланирал до најситен детаљ, во еден момент во океанот му испаднал вереничкиот прстен.
Кејла Херити напишала на својот Фејсбук про

Пронајдете не на следниве мрежи: