Премиерот Емил Димитриев денес ја посети Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој каде оствари средба со менаџментот на која се разговарало за тековните активности и идни планови на Агенцијата. Димитриев истакна дека се разговарало и за субвенциите, по што е констатирано дека по одлуката за одложување на изборите може да се продолжи со исплата на истите.-Од понеделник Агенцијата ќе ги достави налозите до Министерството за финансии за исплата на субвенциите. Разговараме и во делот на програмата за руралниот развој што се однесува за набавка на нова современа механизација за земјоделците, во делот на финансирање проекти од рурален развој по градовите и селата. Во овој дел, минатата година се финансирани вкупно 221 проект кои се во тек на изградба. Исплаќањето оди согласно градежните состојби и во тој сегмент Владата преку Агенцијата ќе продолжи со поддршка за општините бидејќи сметаме дека инвестирањето во руралните средини има импакт и на развојот на државата, посочи премиерот.
Тој додаде дека на средбата се разговарало и за максимизирање на искористувањето на средствата од ИПАРД програмата, начинот како да се вклучат и другите институции од секторот на земјоделството.
Директорката на Агенцијата истакна дека максимално им стојат на располагање на земјоделците и нивните интереси. Се работи на модернизација на системите за аплицирање, а оваа година за прв пат е воведено електронско аплицирање за субвенции.
-До денес имаме 40.000 апликации за субвенции, обично на годишно ниво добиваме околу 75.000 апликации. Рокот за аплицирање е уште еден месец до крајот на јуни, така да очекуваме сите оние земјоделски стопанства што редовно аплицираат да ја поднесат апликацијата, посочи Билјана Вуковиќ.
Владата останува силно фокусирана на поддршка на земјоделието и во иднина ќе продолжи со континуирано зголемување на сите програми и мерки кои значат развој на оваа област.-Од понеделник Агенцијата ќе ги достави налозите до Министерството за финансии за исплата на субвенциите. Разговараме и во делот на програмата за р