Исполнето ветување, најдобрите студенти пристигнаа во Барселона

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на својот Фејсбук профил објави дека 25-те студенти од првите три најдобро рангирани универзитети во земјава – Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот на Југоисточна Европа, пристигнаа во Барселона.Студентите ја одбраа оваа дестинација во рамки на владината стимулативно – наградна мерка за студентите кои имаат просек над 9,5.
 
-Освен авионскиот превоз, бесплатен им е и тридневниот хотелски престој и исхрана. Мерката која ја најавивме кон крајот на минатата година, денес е уште едно исполнето ветување! Им посакувам убави моменти, објави Ристовски.
Студентите ја одбраа оваа дестинација во рамки на владината стимулативно – наградна мерка за студентите кои имаат просек над 9,5.

Пронајдете не на следниве мрежи: