Исповед: Абортирав, и никогаш не се покајав поради тоа!

Бел Муни, советничка од порталот „Дејли меил“, решила да ја сподели својата животна приказна и да објасни зошто смета дека одлуката да абортира била нешто поради што никогаш не се покајала. Бел абортирала кон крајот на 1980 година, а првиот син го родила во 1974 година. Момчето се родило недоволно развиено за својата возраст, па морал да прима посебна нега.Потоа, во 1975, родила мртво бебе, а во 1980 предвремено родила ќерка со царски рез која подоцна имала многу здравствени проблеми. Сосема случајно повторно забременила, но овојпат решила да абортира.
„Мојот гинеколог ми рече и доколку би се работело за негова ќерка би го препорачал истото- абортус. Во сиот хаос околу болното дете и моето здравје, никогаш не се покајав што ја донесов таа одлука. Забременив непланирано, бидејќи заборавив да ја испијам пилулата за контрацепција.
Како што вели, сеповеќе жени се нашле во таква ситуација, само што не сакаат да признаат. Секако, неодговорното однесување и забременување не е однесување кое треба да се занемари.

Бел смета дека денес се повеќе млади жени веднаш се одлучуваат за абортус и потоа стануваат осудувани од страна на општеството. Сепак, за Бел, неодговорноста и глупавоста се поголем грев од абортусот.
 

„Жените имаат право на прекин на бременоста. Таквиот став е здрав. Некогаш ме фрустрира модерното општество кое смета дека секоја емотивна ситуација ќе биде трауматична и дека ќе остави трага за цел живот. Вистинското страдање можат да го почувствуваат само родителите кои имаат болно дете или дете кое им умира на раце, а мене ми се случи и едното и другото. Луѓето минуваат низ ужасни работи, па продолжуваат напред. Затоа понекогаш мораме да го прифатиме она што ни се случило, да минеме низ периодот на тага и да продолжиме понатака“, советува Бел.Потоа, во 1975, родила мртво бебе, а во 1980 предвремено родила ќерка со царски рез која подоцна имала многу здравствени проблеми. Сосема случајно

Пронајдете не на следниве мрежи: