Исповед: БЕВ ЉУБОВНИЦА и тоа го промени мојот живот – НА ПОДОБРО

„Да се биде втора жена не е само неморално, туку и глупаво, но еве како таа ситуација ме научи да бидам подобра личност…“Една девојка реши да ја сподели својата приказна за тоа како е да се биде втора жена, во сенка, и дали е можно да се добие една таква битка. Нејзината исповед ви ја пренесуваме во целост:
„Каква ку*ва!
Не би ме изненадило да е тоа една од речениците која ви помина низ глава кога го видовте насловот на мојата исповед. Сепак, јас не подржувам неверство и на тоа сум горда. Тоа е една ужасна работа за сите кои се вклучени во тоа. Но, за ал, во еден момент од мојот живот – бев втора жена.
Сите веројатно ја замислувате таа втора жена за некоја која е секси, убава, физички совршена во секој поглед, а одвнатре е деструктивна, лукава, без срце и пресметлива демонска кучка со мисија да уништи едно семејство поради своите себични сопствени потреби.
Во главно секогаш е мажот тој кој е неверен. Необично е за една жена да го погази својот брак на таков начин. Кога и да би слушнала за такво нешто, би осудувала, би го кренала носот во вис и би прашала: како е можно една жена да направи такво нешто? Сепак, дозволете да ви признаам, такво нешто ми се случи и на мене.
Најнапред ќе ви кажам дека и воопшто не сум секси и не сум физички совршена. После 2 деца, стриите и целулитот јасно се забележуваат на моето тело. Јас сум само мајка, просечна жена која бара да стане најдобра верзија од себе и најдобра можна мајка за своите деца.
Никогаш не сум сакала да станам втора жена и да ја понесам таа срамна титула. Никако не сакав да имам афера, не го одбрав и никако не сакав да уништам 2 семејства.
И кажала на пријателката дека сопругот ја изневерува – Еве што добола за возврат…Прочитајте на следниот ЛИНК
Образована сум и имам стабилна кариера и способна сум да заработувам сама за живот, така пто не барав никаква финансиска или социјална помош од таа афера.
Беше тоа мојот најдобар пријател веќе 2 години и најголем бубалица кој го познавам, но сепак се заљубив во него. И тоа силно.
После 15 години, сметано од тинејџерските, јас се заљубив во својот најдобар пријател, а тој ми ја врати насмевката на лицето. Но тоа не беше залажување, ниту малку.
Се поврзуваше со мене на толку нивоа и беше близок со мене како никој никогаш претходно. Чувството дека некој ве сака колку и вие него ме исполнуваше и правеше да го доживеам нашиот однос како чист и вистински…

 

Не сакам да навлегувам во детали за мојата афера, како да е тоа и важно…Тоа што се случи се случи. Она што е важно во тој однос е дека навистина мислев дека сум пронашла некој кој ме разбира во целост и кој сака да го изгради животот со мене. А тоа е она што сите го сакаме од својот партнер, зар не?
Верував во се што ми беше кажано. Зависев од секој бакнеж, секоја порака и секој збор. Знам дека сум многу паметна жена, но во тие моменти бев толку глупава  и наивна. Дури ќе признаам дека бев премногу слаба и ранлива. Мислев само со своето срце, а мојот мозок само го следеше.
Не сакам лаги. Оваа афера не потраја долго, а јас веќе собрав сила и му кажав се на мојот поранешен сопруг. Му го скршив срцето. Во тоа време му реков дека се чувствував осамено во нашиот брак. Сепак, се уште го сакам поради тоа каква личност е, и каков татко е на нашите деца.
Не поминува ни ден, а да не зажалам поради тоа што го повредив. Се каам што го уништив нашето семејство, но не жалам што бев отворена и искрена кон него. Во тоа време мислев дека љубовта која ми се случи е посилна од онаа која ја имав во бракот.
Со тек на време мојот сопруг ми прости и сега сме пријатели. Се снаоѓаме во родителството на 2 мали момчиња кои многу ги сакаме. Може да се каже дека ова е најдоброто сценарио со оглед на ситуацијата.
„Љубовта на мојот живот“ не функционираше баш. Тој не можеше да ги издржи тешкотиите на реалниот живот. За него сето тоа беше фантазија. Ова ме скрши поради тоа што јас бев подготвена да поминам низ се со овој човек. Во моите очи јас веќе се откажав од толку работи, и веројатно не требаше да очекувам од него дека ќе го направи истото.
Кога размислувам за тоа паметам дека тоа беше суровата вистина и горка пилула која требаше да ја проголтам. Толку да сакаш некого, а да не добиеш ништо за возврат, го скрши моето срце. Сепак почувствував дека тоа и го заслужив, бидејќи повредив многу луѓе за време на овој процес.
За само 12 месеци доживеав многу лоши работи: имав афера, се разведов од сопругот, бев оставена, се преселив и почнав од почеток. Сама.
Емоционално бев скршена и се уште има денови кога помислувам дека паѓам, но од ова го научив следново:
Јас сум човек, не сум совршена и умеам да направам грешка. Благодарна сум на тоа што го имам и уживам во времето кое го минувам со своите деца. Станав подобра личност поради грешките кои ги направив.
Да се биде втора жена не е само неморално, туку и глупаво. Љубовта сепак не победува се, но јас сум доволно возрасна за да сфатам дека дури и една просечна жена, како мене, може да падне на тоа. Сите сакаме да почувствуваме љубов, почитување, дека сме му потребни на некого. Не се сите жени кои ќе завршат на ист начин кучки, без срце кои ловат недостапни мажи. Понекогаш такви сра*а просто се случуваат. А на нас е да одлучиме што ќе правиме понатаму. Една девојка реши да ја сподели својата приказна за тоа како е да се биде втора жена, во сенка, и дали е можно да се добие една таква битка. Нејзин

Пронајдете не на следниве мрежи: