Не е тоа затоа што немав опција – после разводот имав три долги врски кои не сакав да ги крунисувам со брак од овие причини:
Не сакам деца
– Имам ќерка која веќе е возрасна, но второ дете не сакам и поради тоа нема зошто да влегувам во брак.
Инстуцијата брак е промашена
– Во минатото бракот меѓу мажот и жената и двакцата имале корист од тоа и задоволство. Мажот работе, а жената е домаќинка, а денеска кога и двајцата сме финсиски рамноправни, заработуваме доволно за себе, а немаме вреем да се видиме дома од премногу работа, зошто е тогаш бракот?
Не сакам да се грижам за туѓите маки
– Не сакам да ги менувам моите навики за да му излезам во пресрет на другата страна. Имам свој ритам на живот, го сакам својот мир и својот хаос. Не сакам покрај тоа да се грижам дали мојот начин на живот му смета на мојот сопруг. не велам дека е невозможно да се најде компромис, велам само дека немам енергија ниту сакам да се занимавам со тоа.
Ја ценам својата независност
– Една од удобноста во бракот е што имате два извори на приходи, а помалку расходи. Мене тоа не ме интересира. Ја сакам мојата работа и добро сум платена за неа. Имам повеќе од доволно за своите потреби, а не сакам на мажот кој е помалку успешен од мене да му давам џепарлак, ниту да се грижам околу тоа колку пари троши и на што.
Реална сум
– Љубовта за цел живот не постои, луѓето се менуваат. Знам бидејќи многу пати се заљубував во „вистинската“ чичност која потоа стана погрешна, како што и јас на нив им бев „вистинска“ па се претвори во ноќен кошмар. Немам повеќе илузии за среќен брак кој ќе трае до крајот на животот.
Најсреќна сум кога сум сама дома
– не сум самотник, но уживам во чуството дека ја имам цела куќа само за мене., Кога врската ми беше добра, бев подеднакво среќна и кога некогаш ќе останев сама. кога бракот ми тргна на лошо, бев очајна, но подоцна заклучив дека сум посреќна сама.Не е тоа затоа што немав опција – после разводот имав три долги врски кои не сакав да ги крунисувам со брак од овие причини: