ИСПОВЕД: „Ја изневерувам бремената сопруга и жалам, но никогаш немам искусено подобар секс“

Еден маж признал дека со сопругата имаат совршен семеен живот, но дека во нивната спална соба никогаш немало страст. Ја изневерува со колешката со која дури искусил и секс во тројка.Маж во доцните дваесетти години, искрено признал дека ја изневерува бремената сопруга. Од една страна, страшно го гризе совеста поради прељубата, а од друга страна вели дека никогаш во животот не искусил подобар секс како со колешката од работа.
Ова е неговата исповед:
„Од каде да почнам: Во доцните дваесетти години сум и во брак сум 4 години. Имам сопруга која ми е врсничка и веројатно е мојот најдобар пријател. Имаме тригодишно дете и бремена е со второто. Се оженив со неа бидејќи таа беше една од моите најблиски пријатели и чувствував дека ќе биде добра сопруга и мајка. Но, никогаш немаше оган во нашата спална соба. Имаме убав и удобен заеднички живот. Само што ја купивме нашата заедничка куќа и навистина имаме добар брак.
Во текот на последните шест месеци поминував многу време на работа и почнав да флертувам со колешка која е малку постара од мене и многу ни е забавно додека сме заедно. Уште од самиот почеток помеѓу нас владееше голема сексуална напнатост и пред неколку месеци водевме љубов. Ме воодушеви во креветот. Супер ни е и редовно се договараме каде да се најдеме после работа.
Сексот со неа е најдобриот што сум го имал досега во мојот живот, а имав искуство со жени, па дури и со оние постари од 40 години. Имам со што да споредам.

Воопшто не знам како да го опишам тој секс. Имаме неверојатна хемија, а и адреналинот е неверојатен. Мојата љубовница е во одлична форма и изгледа фантастично, таа е совршена жена. Не може да биде подобра. Сака да експериментира, не е извештачена и во креветот е помалку луда. Го прави тоа што го сакам од една жена и луда е по мене, сака да бидам среќен и да ми угодува.
Имавме и секс во тројка пред две недели со нејзиниот пријател кој сака мажи и жени. Тоа беше секс на ниво на филмовите за возрасни. Не поставуваме правила и органичувања. Беше одлично. Се надевам дека ќе го повториме тоа.
Но, во мене постои и чувство кое ме спушта на земја, а тоа е вината којашто ја чувствувам кон бремената сопруга. Ова е прв пат даја изневерам мојата сопруга и чувствата во мене се конфронтирани. Од една страна го имам најдобриот секс во животот и одлично си поминувам, а од друга страна прељубата не ми дава мир бидејќи со сопругата го очекуваме второто дете. Понекогаш паѓам во искушение да ја напуштам сопругата и да им се препуштам на страстите.
Размислувам дека можеби малку прерано се скрасив и основав семејство. Сепак, имам дете коешто неизмерно го сакам, а и второто пристигнува наредниот месец и мислам дека страшно ќе ми недостасуваат.
Покрај тоа, со сопругата имаме совршен семеен живот, многу сме слични и тешко би ми било на сето тоа да му го свртам грбот“, напишал на Редит.Маж во доцните дваесетти години, искрено признал дека ја изневерува бремената сопруга. Од една страна, страшно го гризе совеста поради прељубата, а

Пронајдете не на следниве мрежи: