ИСПОВЕД која го потресе Интернетот: Поради пилули за контрацепција поминувам низ ПЕКОЛ

Триесет годишната новинарка Холи Брокс никогаш не сакала деца, па планирала да изврши стерилизација.Но, стручњаците не сакале да го направат овој зафат, за случај Холи некогаш да не се предомисли, па и предложиле да пие пилули за контрацепција.
Но, таа била една од оние жени на кои хормонските таблети никако не им одговараат,па поминала низ пеколно искуство, кое на крајот го објави на социјалната мрежа Твитер, за време на борбата за бесплатна стерилизација во рамки на кампањата Контрацептивни права на жените во Велика Британија.
„Дали некогаш си пиел контрацепциски пилули? Дали знаеш како изгледа кога крвариш месец дена? Дали си ги поминувал утрата изостанувајќи на работа бидејќи повраќаш поради хормони кои не би ни требало да ги ставиш во твоето тело? Дали некогаш си ги побарал лекарите зошто имаш чудно чувство во нозете и се грижиш дека високоризичната пилула ти предизвикала фатално крвно згрутчување?
Не си?
Тогаш престани да ми кажуваш каква контрацепција ми треба а каква не“, остро напиша Холи, обраќајќи им се на мажите кои ја критикуваат.
На крајот, успеала да се избори со бесплатната операција.
Со својата приказна Холи Брокс ги поттикна и другите жени да проговорат за здравствените проблеми кои ги имале поради контрацепциските пилули, кои не престануваат да ги пишуваат своите искуства со хаштаг #MyPillStorry, кој е се попопуларен и крена голема прашина на интернет:

 
– Добив полицистични јајници и грозни акни по лицето
– Година дена откако пресстанав да ги пијам, ми течеше млеко од дојките цела година.
– Со пилулите дојде депресија, намалено либидо, а и мојата ќерка.
– Добив проширени вени во облик на пајажина и нозете ми изгледаат ужасно.
– Имам постојано крварење веќе 2 месеци и акни кои никогаш порано не сум ги имала.
– Чувствувам мачнина, отсуство на енергија, мигрена и тешкотии….Хорор.
Ова се некои од искуствата на жените кои престанале да земаат контрацепциски пилули како заштита од бременост. Контрацепциски пилули се препорачуваат и за лечење на различни состојби, но сега е време повторно да се запрашаме – колку се уште има жени кои се согласуваат да пијат хормонски таблети само за да ги задоволат мажите кои „повеќе сакаат без кондом“?Но, стручњаците не сакале да го направат овој зафат, за случај Холи некогаш да не се предомисли, па и предложиле да пие пилули за контрацепција.

Пронајдете не на следниве мрежи: