Невина во 30-те години? Што не е во ред со неа? Веројатно се е ОК, но тешко дека ќе можете да го избегнете ова прашање доколку сте и вие во тие години, а се уште не сте ги пробале убавините на сексот. Дуња и Марија не ги пробале, и еве со што се соочуваат кога ја откриваат својата тајна.Велат дека денес сексот ги продава сите, а доколку малку се завртите околу себе ќе видите кој е навистина кој.
Во рекламите за паста за заби, атракивните девојки симулираат орален секс, рекламите за алкохол тешко дека можат да поминат без разголени „тетки“, а да не ги спомнуваме филмовите кои не можат да поминат без секс.
Дури и доколку се работи за филм за војна или астронаути.
И некако сите се навикнавме на тоа. Сексот е општо присутен и достапен. Пред некој да ме прогласи за пуретанец, навистина немам ништо против сексуалната слобода, но ми се чини дека претеруваме. Во тоа претерување забораваме дека постојат и луѓе во 20-те или 30-те кои се уште се невини. За тоа нерадо зборуваат.
Ниту тие се огласуваат ниту ние не прашуваме, веројатно затоа што „знаеме“ дека „тоа“ веќе го направиле. А што доколку не? А веке дувнале 28 сеќички на тортата? Или 32?
Е тука упаѓа мојата пријателка Дуња
Одевме заедно во средно училиште, се знаеме од 15 години и заедно стигнавме до 28. И знам дека сега Дуња е дипломиран професор по англиски јазик, прекрасна девојка. И убава е. Со години играше одбојка и тоа се гледа на нејзиното тело. Има руса коса и топли темни очи. Но нема момче. Никогаш немала. Што не е во ред со нејзе?
„Тоа често ме прашуваат, оние кои знаат дека сум невина, но со мене се е во ред, навистина. Само никогаш не сум спиела со некое момче. Излегував со момчиња, но се се завршуваше со неколку излегувања. Никогаш не сум била во сериозна врска. Затоа и престанав да им објаснувам на луѓето. Веќе и никој не ме прашува, бидејќи имам 27 години, па прашањето за невиноста и не се поставува“, вели Дуња.
Конкретна причина поради која Дуња и понатаму е девица не постои. Најчеста предрасуда е дека се во прашање повлечени личности, но тоа не мора да биде случај. Просто не се случило.
„Сега имам проблем. Пред некој месец станав блиска со колега, кој, искрено, не го ни забележував претходно. Се почна да води кон тоа да почнам да размислувам дека би требало да му кажам дека сум невина, но не знам како да го сторам тоа. Се плашам од неговата реакција, поготово бидејќи тој е постар од мене, и затоа што никој од фирмата не го знае тоа. Можеби тоа е глупаво, но не би сакала некој да го дознае тоа. Свесна сум дека нема од што да се срамам, но исто така, верувам дека би ме посрамиле како чудак“, вели Дуња.
Истиот проблем го има и Марија (31). Вели дека би ѝ било срам тоа да се дознае. На прашањето зошто, одговорот е ист. Страв од осуда и љубопитни прашања.
Маријабила во врса неколку месеци кога имала 19 години, но по неколку месеци чекање момчето ја оставило. Потоа излегувала момчиња, но поминало доста време до моментот кога повторно се впуштила во врска. И тогаш доживеала момчето со кое била три месеци во врска да ѝ раскине поради тоа што е девица. Рекол дека „не може и нејзе да ја учи“… А потоа ја прашал „што си чекала до сега?“.
Дали е за осуда да се биде невина во 30-те? Секако дека не. Но некао ни е невообичаено да го слушнеме тоа денес. Девственоста не е во мода. Денес невиноста се губи во средно училиште. А можеби и на крај на основно.Велат дека денес сексот ги продава сите, а доколку малку се завртите околу себе ќе видите кој е навистина кој.
Во рекламите за паста за заб



