Исповед на бисексуална трудница: Трудното тело е секси и сакав да уживам во тоа!

Се чини дека постои стереотип кој вели дека жените  кои бираат да бидат самохрани мајки, исто така бираат и да бидат сами. Еве што се случило кога една трудна девојка одлучила на спротивото и почнала да излегува со мажите.Ејми Перлман решила  да се позанимава со една табу тема- забавување со мажи во текот на бременоста. Иако многумина ова го сметат за непримерно однесување на идните мајки, еве што таа научила од своето искуство.
„Со оглед на тоа  дека сум бисексуална, се надевав дека ќе успеам да пронајдам  бремена девојка со која ќе ја изградам својата сексуалност. Сакав да сопрам друго трудно тело. Но на светот не постојат премногу бремени жени кои сакаат жени, а уште помалку сингл.
Во моментот кога влегов во кафулето каде организирав состанок со момче  кое го најдов на сајт за запознавање, знаев дека нешто ќе се случи меѓу нас. Нашите погледи се сретнаа  во просторија полна со луѓе и веднаш знаев дека заедно ќе поминеме   повеќе од 15 минути.
Ми се причини дека и тој го почувствува истото што и јас. Беше згоден, паметен, умееше да зборува, и што е поважно, да слуша.
Зборувавме со часови, а вечерта ја завршивме во парк. Кога дојде време за разделба се понуди да ме испрати до дома.
Знаев дека попат ќе поминеме покрај аптека. Бев бремена и почнав да добивам главоболки, па затоа ми беше потребно некое средство против болки.
До крајот на вечерта знаев дека ќе излеземе повторно, така што решив да му кажам што се случува во мојата матка.
На мое изненадување, беше воодушевен кога му кажав што е причината за моите главоболки.
По тој момент, се забавувавме во следните 4 месеци.

Но, една работа која не можев да ја поднесам во врска со Џеф, така се викаше, беше фактот дека пуши. Тоа инаку не би ми пречело, со оглед на тоа дека бев бремена, тоа одеднаш стана голема работа.
Од почетокот ветуваше дека нема да пуши во моја близина, и го одржа својот збор.
За жал, работите сепак не испаднаа најдобро и Џеф и јас ја прекинавме врската.
Не затоа што пушеше, туку затоа што работите понекогаш едноставно не успеваат. Не бев премногу погодена со раскинувањето. Никогаш не барав од него заедно да го ираснеме детето, и тој никогаш не се ни понуди- така што  немав чувство дека изгубив нешто вредно.
Цело време се однесувавме како да знаевме дека сакам да бидам самохрана мајка- дури иако не сум сама.
Тагата поради раскинувањето траеше можеби еден ден, потоа се беше во ред.
И покрај се, Џеф и јас никогаш не сме зборувале за тоа да бидеме единствени луѓе  во нашите животи. Веќе некое време се гледав со друг. Дејвид.
Тој живееше близу и беше како пријател со придобивки. Тоа ни одговараше и на двајцата.
Хормоните во бременоста можат да направат чуда, а фактот дека постои висок и згоден маж на 7 минути од вес беше спас.
Моето тело со време се промени со овие мажи, но чувството на сексуална самопочит остана исто. Кога забременив сфатив дека трудното тело е секси.
Никогаш порано не сум забележила, но сериозните облини, изненадно пополните гради и сензуалните хормони кои ги испушатв  не беа само возбудливи за мене, туку и за другите. Ги имав тие работи кои можев да ги делам со овие двајца мажи во својот живот.
Јасно е дека постојат стереотипи дека самохраните мајки се сами и дека не се во состојба, и не би требало да излегуваат со мажи.
Некои жени тоа навистина не го сакаат, и тоа е вистина. Нема ништо лошо во тоа. Но сосема е во ред и доколку одлучите малку да се забавувате  и уживате во својата сексуалност, без оглед на вашиот репродуктивен извор.Ејми Перлман решила  да се позанимава со една табу тема- забавување со мажи во текот на бременоста. Иако многумина ова го сметат за непримерно

Пронајдете не на следниве мрежи: