ИСПОВЕД НА БРЕМЕНАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА: Момчето ме тепаше и поради него станав алкохоличар!

„Бев во врска со човек кој физички и психички ме имаше злоставувано. Никогаш не го пријавив, иако сега знам дека требаше да го направам тоа, бидејќи како и секоја злоставувана жена, мислев дека проблемот е во мене“, рече Јована.Натпреварувачката во шоуто „Ѕвездите на Пинк“, која го обележа синоќешното натпреварување, иако веќе се наоѓа во поодмината бременост, раскажа дека животот воопшто не ѝ бил наклонет. Имено, пејачката тврди дека нејзиното растење го обележала емотивната врска во која и физички била злоставувана, како и проблемот со алкохолот.
„Бев во врска со човек кој физички и психички ме имаше злоставувано. Никогаш не го пријавив, иако сега знам дека требаше да го направам тоа, бидејќи како и секоја злоставувана жена, мислев дека проблемот е во мене. Се чувствував како да сум заробена во магичен круг“, рече Јована.
„Освен тоа, мојот живот го обележа и борбата со алкохолизмот. Не можев да замислам да излезам некаде без да се напијам алкохол и се опивав секој викенд. Го допрев дното во тој период од животот“, искрено рече пејачката.

Бидејќи во градот во кој што живее не постои институција во која би можела да се обрати за помош при одвикнувањето, Јована го нашла спасот во разговорот со психолог и љубовта на најблиските.
„Кога излегов од бурната емотивна врска и сфатив дека имам проблем со алкохолот, помошта ја пронајдов во разговорите со психологот и бескрајната поддршка од семејството“, објасни таа.
Таа сега се наоѓа во шестиот месец од бременоста, има нов партнер и се радува што ќе оди во наредниот круг од натпреварувањето, иако признава дека снимањата тешко ѝ паѓаат поради бременоста.
„Снимањето на емисијата понекогаш знае да потрае, а стоењето на високи потпетици по цел ден е многу напорно, сепак вреди за трудот. Ова за мене е едно прекрасно искуство. Без разлика каков ќе биде понатамошниот исход од натпреварувањето, на мене ми е најбитно што сега сум друга жена и што конечно го пронајдов својот мир“, заклучила Јована.Натпреварувачката во шоуто „Ѕвездите на Пинк“, која го обележа синоќешното натпреварување, иако веќе се наоѓа во поодмината бременост,

Пронајдете не на следниве мрежи: