Според едно истражување, секоја жена којашто патувала со парискиот јавен превоз била сексуално вознемирувана на било кој начин. Во истражувањето прилично детално се опишуваат нападите, но од непозната причина не се спомнуваат „тријачите“, односно оние кои постигнуваат сексуално задоволство додека ги тријат своите интимни делови од луѓето кои и не се свесни за тоа.Новинарка од францускиот магазин Vice, на интернет пронајде еден „тријач“ и успеа да закаже интервју со него.
Здраво Максин. Значи, ти фантазираш за жени во возовите. Во што е поентата?
Силно ме возбудува туѓата близина во јавниот превоз и тоа трае со години. Да бидам искрен, ме напаѓаат поради тоа на разни форуми. Луѓето велат дека сум перверзен, болен или пореметен. Но, само сакам да се знае – не сум сексуален престапник, никогаш немам упатено некој навредлив збор кон некоја девојка, ниту ѝ ги имам допрено градите, ниту било што слично. Јас не сум грабежливец.
Како што ти ќе кажеш. Можеш ли да ни кажеш како настана таа фантазија?
До 19. година живеев во едно мало село. Кога се преселив во Париз, подземната железница беше новост за мене. Сѐ започна со една деловна жена која носеше комплет со сукња – денес за неа би рекле дека е МИЛФ, која поради големата гужва беше присилена да ги припие градите до мене. Практично бев дете тогаш и таа случка остави силен впечаток кај мене. Еве како изгледа тоа: ќе забележам некоја убава девојка и се трудам да седнам покрај неа. Потоа нежно се припивам до неа и почнувам да замислувам разни сценарија.
Дали си свесен дека луѓето како тебе се голем проблем за жените?
Не треба на сето тоа да гледате така. Не некои девојки веројатно тоа им пречи, затоа што не се чувствуваат секси во тој дел од денот. Додека бев самец, неколку девојки би ми се насмевнале во подземната железница. Понекогаш гледате дека се заинтересирани. Во други прилики, тие само луто ќе ме погледнат. Прилично сум сигурен дека поголем дел од нив и не забележуваат дека ги допирам. Јас сум „џентлменски“ тип на тријач.
Дали твојата партнерка знае што правиш?
Не знае и не верувам дека би ме разбрала. Но, како што знаете, многу сум активен на интернет форумите и зборував со многу жени кои ги имаат истите фантазии.
Дали си свесен дека тоа е сексуален напад?
Како што реков, постои навика. Никогаш немам навредено жена, ниту го имам покажано својот пенис или сум се обидел да ѝ завлечам рака под сукњата. Го осудувам таквото однесување. Близината во јавниот превоз не е злосторство, дури и ако понекогаш се заврши со неконтролирана ерекција.
Секогаш се однесував коректно и не сум единствениот кого го интересираат овие работи.Новинарка од францускиот магазин Vice, на интернет пронајде еден „тријач“ и успеа



