Исповед на дадилката на Анџелина Џоли: „Иста е како својата мајка, го сатанизира Бред, прави од него чудовиште и ги користи децата како оружје. Спречете ја“

Поранешната дадилка на Анџелина Џоли ја повикала актерката да ја заврши борбата со својот сопруг Бред Пит, велејќи дека е загрижена дека славната актерка го сатанизра поранешниот користејќи ги децата како оружје- како што нејзината мајка правела кога таа била дете.Крисан Морел (63) се грижела за Анџелина во првите неколку години од нејзиниот живот и била блиска пријателка со нејзината мајка Маршелин Бертранд, пред да почине од рак. Кажала дека има многу сличности со она што сега се случува и со она додека Анџелина била мала, кога нејзината мајка прекинала со Џон Воиг.
„Одлчив да прозборам бидејќи сакам да пратам порака до Анџелина, која ми е многу важна. Сакам да ѝ кажам: те молам не го бркај Бред од животот на децата. Немој да ги користиш децата како оружје во разводот. И немој да правиш чудовиште од сопругот. Бидејќи твојата мајка токму тоа го правеше кога се разведуваше од твојот татко. И како резултат имаше осамени и травматично детство. Зошто им го правиш истото на децата?“, рекла дадилката која е многу загрижена дека Анџелина го повторува минатото.
Открила и дека Бертранд не можела да ја види Анџелина бидејќи е премногу слична на својот татко, па побегнала со младиот студент Стејси Пикрен.
Раскажала и како младата ѕвезда и нејзиниот брат Џејмс Хевен биле користени како оружје во нпад на нејзиниот татко женкар.
„Анџи беше многу осамено и проблематично дете. Дури и пред нејзиното раѓање нејзината мајка беше уверена дека нејзиниот сопруг Џон ја изневерува. Често се расправаа, а потоа во еден момент почнаа да изнајмуваат стан над нивниот. На крај во него живееше и Анџи со дадилките, а нејзината мајка живееше долу со синот.
И додека станот на нејзината мајка беше прекрасно уреден со скап мебел, оној на Анџелина беше натрупан со трошни работи. Имаше вкупно 6 дадилки. Една ја ставаше да спие, а друга ја будеше наутро. Маршелин не минуваше многу време со неа додека таа беше дете.

 
Ми рече дека премногу личи на Џон и дека тоа ѝ е тешко. Но ѝ кажав дека мора да го надмине тоа поради децата. Сега истото ѝ го велам на Анџелина“, порачала Крисан Морел.
Џоли го исфрлила својот татко од животот, а иако подоцна се смирија, никогаш не му го простила неверството.
„Маршелин беше скршена. Често ме прашуваше зошто ја оставил поради таа жена. Јас бев пријателка со Маршелин, но и со Џон, но секогаш ми се чинеше дека Џон го извлече подебелиот крај“.
Морел дала отказ кога Анџелина имала три години бидејќи веќе не можела да го поднесе хаосот во куќата, а пријателството со Бертранд прекинало во стедината на 80-те кога изгубиле контакт.
„Не го познавам Бред Пит, но ми се чини како добра личност и изгледа исто како Џон. Анџи не знае што е нормално семејство. Бред знае, тој доаѓа од такво семејство. Тие деца доволно страдаа. Анџи се обидува да ги раздели од нивниот татко како што се обидуваше нејзината мајка. Тие деца патуваат многу и немаат стабилност во својот живот“, а сега Анџелина сака да им ја одземе и таа мала стабилност што ја имаат“, заклучува таа.Крисан Морел (63) се грижела за Анџелина во првите неколку години од нејзиниот живот и била блиска пријателка со нејзината мајка Маршелин Бертранд,

Пронајдете не на следниве мрежи: