Исповед на девојка која работи како бизнис придружба: Навикнав да јадам леб и кавијар!

Мажите се ловци. Тоа е причината зошто многу се инвестира во изгледот. Колку понедостижна им делувам, толку повеќе ме посакуваат. На богатите мажи, девојките како мене се трофеј, престиж – статусен симбол.„Кога ќе видат некој со мене, знаат дека работата му тргнала“, ова го вели 32 годишна, атрактивна русокоса која, како што вели, за “леб со кавијар” заработува како бизнис придружба. Таа почнала да “работи”, уште на 23 години во својот роден град, кога ја видел сопственикот на дискотека и и понудил пари за да го придружува на службено патување во главниот град. Таа таму се сретнала со неговите бизнис партнери, кои оваа висока русокоса со прекрасни облини веднаш им се допаднала.
Потоа таа се преселила во главниот град, бидејќи тој и нуди поголеми можности за заработка.
Клиентите ја контактираат по препорака на нејзиниот пријател, а цената дополнително и ја крева и фотографирањето за списанија за мажи. А дали и на таквите девојки им се случува да се заљубат како во филмот “Убава жена” во своите клиенти?

„Кога ќе излезете во некој од популарните клубови, во сепареата можете да видите бизнисмени опкружени со прекрасни девојки со перфектни тела и облини. Тие девојки често се претставуваат како манекенки или студентки. Но, вистината е дека поголемиот дел од нив работат како деловна придружба“ – објаснува таа и додава дека има многу девојки кои се бават со елитна проституција.
Таа објаснува дека причините поради кои почнала да се бави со оваа професија е болеста на нејзината самохрана мајка. Вели дека не сакала да заврши факултет и потоа да работи во некоја канцеларија за 300 евра.
„Многумина велат дека сум го одбрала полесниот пат. Сепак ако се обидат еден ден да го живеат мојот ден ќе мораат да ги поднесат постојани осудувачки погледи и навредите од околината. Па тогаш речете ми си го одбрала полесниот пат.“
Еден ден од нејзиниот живот почнува во осум наутро, оди на фитнес, поради тоа што секогаш треба да биде во топ форма. Следат посетите на козметичар, фризер, а понекогаш и професионални стилисти. Сето тоа чини многу, но многу чини и придружувањето на таквите девојки и тоа ни помалку, ни повеќе туку 1.000 евра за вечер и ноќ.

„Луѓето мислат дека мене ме ангажираат само за секс, но тоа не е вистина. Моите обврски често опфаќаат и појавување на настани, одење на деловни вечери на кои се очекува да можам да се вклучам и во разговорите за економски и политички теми. Потоа треба да се појавам и во клуб, а ако клиентот го побара тоа, може да има и интимно дружење.“ – објаснува таа.
„Не важи правилото дека само постарите или неуспешни мажи бараат девојки за придружба. Повеќето од нив немаат повеќе од 50 години и сосема добро изгледаат. Тука се повеќето истакнати бизнисмени, банкари, брокери, а инвеститорите предничат. Фудбалерите исто така, сакаат девојки како мене, бидејќи тие знаат дека немаме намера да им растураме бракови. Често се случува да ме изнајмуваат хомосексуални мажи, за да им глумам девојка и да ја сокријат вистинската сексуална ориентација. Што да правам, ако добро платат, ќе глумам што и да треба.“ – ја завршува приказната оваа бизнис придружба. „Кога ќе видат некој со мене, знаат дека работата му тргнала“, ова го вели 32 годишна, атрактивна русокоса која, како што вели, за “леб

Пронајдете не на следниве мрежи: