недела, 15 ноември 2026
Најново

ИСПОВЕД НА ДЕВОЈКА КОЈА РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: За месец дена си купив Мерцедес, не ми паѓа на памет да…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Маријана од едно мало село покрај Пожега отиде да работи во Ingolstadt. Ова е нејзината приказна за успех. Маријана Ериез е млада градежна инженерка од Ново Село покрај Пожега во Хрватска, а својата среќа по завршувањето на студиите ја побарала во Германија. За една година и два месеци стекнала работно искуство какво што никогаш не би остварила во Хрватска, работела на милионски проекти, води градилиште и си купила себеси Мерцедес А класа, раскажува за 034портал.хр.Сака да го донесе и останатиот дел од семејството во Германија.
„Вече подолго време се распрашував која е разликата помеѓу тоа да одам на магистратура или да одам да работам ‘горе’“. Сите ми велеа дека студентите со 3 годишни студии подобро завршуваат на пазарот. Магистратура завршуваат оние кои сакаат повеќе канцелариски и истражувачки  работи како статичарите градежништвото. Мене тоа никогаш не ме интересираше. Сакав на градилиште.
Татко ми знае многу градежни фирми и ми кажа на кои места да испраќам CV. Испратив на 3 места и во рок од 3 дена од сите добив одговор да одам на разговор. Отидов на сите 3 места. Меѓутоа, двете фирми беа преголеми, со преку 400 вработени. Мене тоа за почеток ми беше тешко, одбрав компанија со 50-тина вработени, бидејќи немам искуство. Практично четири месеци после завршување на факултетот почнав да работам“ опишува Маријана Ериез како го добила своето прво работно место со кое била презадоволна.
Иако е многу млада, на почетокот добила проект вреден дури 15 милиони евра.
„Не ми паѓа на памет да се вратам, бидејќи имам супер работа која не е стресна. Имам супер плата. Работната атмосфера е таква што сите се задоволни, се работи од 8 до 17 часот и тоа е тоа. Може да се остане прекувремено и тоа ќе ти биде платено или пак ќе добиеш слободни денови. Јас ги искористувам слободните денови за да можам почесто да доаѓам во Хрватска. За година и два месеци стекнав искуство кое во Хрватска никогаш не би го стекнала. Во фирмите кај нас веројатно би варела кафе и би носела и копирала листови. Би ми требале 10 дена за да добијам таква одговорност.“

 

„За една година си купив Мерцедес А класа. Во Хрватска би го имала можеби за некои 30 години на кредит. Ми недостасува само балканскиот социјален живот. На Германците социјалниот живот им е нула, нема седење по 2-3 часа на кафе. Тоа им е губење време и пари“, вели оваа млада инженерка.
Истакнува дека често оди во Минхен, каде ноќниот живот е побогат. „Таму се дружиме и сите се држиме заедно – Хрвати, Срби, Босанци, Македонци. На германските забави послабо одам“, се довери Хрватицата. На оние кои сакаат да работат во Германија им даде еден мал совет:
„Избегнувајте ги нашите сопственици и големите градови. Во пробен рок работете за било која плата бидејќи таму што повеќе ќе се докажете. Така јас се докажував 6 месеци за минимална плата, после што добив инженерска плата и договор за постојано вработување. Нашите сопственици избегнувајте ги бидејќи го искористуваат неупатениот народ кој доаѓа во странство да работи за корка леб, но не знаат што ги чека. “
Германија бара негователи: Еве какво искуство сподели девојка која работи таму…Сака да го донесе и останатиот дел од семејството во Германија.
„Вече подолго време се распрашував која е разликата помеѓу тоа да ода

Поврзани вести