Исповед на девојка која РЕШИ да ја ПОБЕДИ анорексијата!

Кога имала 16 години, Бет преживувала така што јадела само едно јаболко на ден, доколку имала среќа и тоа да не го поврати во тоалетната шолја. Денес, таа и понатаму е слаба, но е доволно здрава и згодна за да се пријави на натпревар за мис.Како шеснаесетгодишна девојка, Бет се разболела од сериозен облик на пореметување во исхраната – комбинација од анорексија и булимија. Во еден момент, таа тежела помалку од 40 килограми, а не јадела готово ништо.
Денес, таа има 19 години и 20 килограми повеќе. Вели дека не планира да застане тука, бидејќи планира да се пријави на Меѓународниот натпревар за мис, со желба на девојките и на девојчињата со слични проблеми да им докаже дека можат да се излечат, пренесува Daily Mail.
„Сѐ започна кога тргнав во средно училиште. Немам претстава како ни зошто, но ми се чинеше дека мојот живот одеднаш се најде во хаос. Одеднаш почнав да го ограничувам внесот на храна, бидејќи само тоа единствено можев да го контролирам. Ќе изедев едно јаболко, а потоа би поминала часови на лентата за трчање“, започнала Бет.
Тоа траело извесен период, сѐ додека еднаш не застанала пред огромно огледало во трговски центар и сфатила дека буквално е коски и кожа.

„Луѓето почнаа да ми зборуваат дека ги потсетувам на костур. Отидов на лекар, бидејќи бев свесна дека ако не преземам нешто, еден ден нема да можам да имам деца. Болеста ми зеде сѐ, бидејќи мојата килажа беше единствената работа која што можев да ја контролирам, а сега морав и да се откажам од тоа“, откри таа.
Таа се наоѓала во лоша состојба поради честиот престој во болницата и морала да го напушти училиштето и вонредно да ги полага испитите. За среќа, таа сите ги положила со одличен успех и сега сака да стане наставничка.
„Ми рекоа дека ако сама не одлучам да се изборам со овој проблем, ќе морам да поминувам повеќе време во болнички кревет на инфузија и цевчиња за вештачко хранење. Тоа конечно ме исплаши и цврсто решив да ја победам болеста. Побарав помош од специјалисти“, вели Бет.
Денес таа јаде нормални оброци, но сака да упати апел до сите други девојки кои се наоѓаат во слична ситуација, бидејќи булимијата и анорексијата не се само болести поврзани со исхраната, туку често доаѓаат од главата.
„Мајка ми плачејќи ме молеше да почнам да јадам. Ѝ ветив дека од утре ќе се сменам, но утре никогаш не доаѓаше. Го лажев семејството, се лажев себеси. Ми беа потребни три години за да се извлечам. Сега имам скоро 62 килограми и сакам уште да се здебелам! Оздравувањето никогаш не доаѓа преку ноќ, но можно е да се преземе контролата над својот живот! Никогаш не се откажувајте!“, порача Бет.Како шеснаесетгодишна девојка, Бет се разболела од сериозен облик на пореметување во исхраната – комбинација од анорексија и булимија. Во еден моме

Пронајдете не на следниве мрежи: