Исповед на девојката која на Фејбук беше означена како др*ља

Искрено се надевам дека моите професори нема да го видат овој срам и дека приказната нема да се прошири по факултетот. Не знам зошто им требаше ова! Кога дознав што ми направија и тоа од чиста мира, не можев око да склопам – раскажува потресената З. К. -Бев шокирана кога моите пријатели ми јавија дека ја виделе мојата фотографија на оваа срамна страница, објаснува 20-годишната студентка З. К.
Таа сакаше да остане анонимна, додавајќи дека е „среќа во несреќа“ тоа што на нејзината фотографија ставиле туѓо име и презиме.
-Се сликав во мојата соба во студентскиот дом и воопшто не можам да поверувам дека на било кој начин сакаа да ја искористат мојата „закопчана“ слика. Веднаш штом прочитав дека моите фотографии му беа праќани на тој малолетник во инбокс, почнав да размислувам кој би можел да ми направи такво нешто. Немам многу пријатели на Фејсбук, не прифаќам барања за пријателство од непознати луѓе. Едноставно, сакав да се заштитам, се правда оваа девојка.

-Повеќе од два часа седев пред компјутерот, молејќи ги моите пријатели да им испраќаат барања до надлежните на Фејсбук да се тргнат моите фотографии. Се надевам дека некој конечно ќе застане на моја страна, кога-тогаш, завршува девојката.

 
 -Бев шокирана кога моите пријатели ми јавија дека ја виделе мојата фотографија на оваа срамна страница, објаснува 20-годишната студентка З. К.

Пронајдете не на следниве мрежи: