Човечките односи се многу комплицирани. Поради различните карактери, однесувањето и природата на односите, различни се и односите кои се одвиваат помеѓу нив. Во текстот кој следи ви пренесуваме приказна на изневерен сопруг, кој верува дека нивниот брак се уште не е готов.Тие бие заедно уште од факултет. Повеќе од половина живот поминале заедно, но некаде тргнало на лошо, но не биле свесни за тоа се до моментот кога веќе било доцна за каење.
„Таа беше депресивна и молчелива, повремено користеше таблети за смирување и се бореше со напади на паника. Секогаш ми велеше што требало да сторам, но јас не ја послушав. Набрзина вечеравме без тема на разговор освен за тв програмата. Нашиот најголем зеднички интерес беше играта „ Candy Crush”. Главно за проблемите ја обвинував работата, мојата работа пропаѓаше додека нејзината кариера растеше. Ги обвинував и „хемиските реакции во нашиот мозок“ и тоа што старееме. Виодов дека нашиот однос беше заразен со надворешни проблеми, наместо да ги побарам подлабоките причини“, рекол сопругот.
Неколкку дена пред осмата годишнина од бракот му рекла дека нивниот брак повеќе не функционира.
„Повеќе се сеќавам на својот забрзан пулс отколку на деталите од разговорот, но сепак една работа ја паметам. Рече дека сме ја изгубиле зеадичката цел. Што значи тоа? Дали е некој вид на симбол за љубовта?
Нејзиниот тон беше цврст и со јасна цел, не го спомена зборот развод, но не го исклучи откако јас го споменав.
Нашите вообичаени заеднички цели беа: венчавка, нова куќа, уредување на домот и работа на потомството. Последната цел ја одложивме по долгите процеси на клиниките за плодност, третмани и многу потрошени пари, и заедно заклучивме дека не би изгубиле многу доколку немаме деца.
Мојот најголем допринос во нашиот заеднички живот во последно време беше тоа што секое утро и варев кафе и ја доведував до оргазам еднаш до два пати неделно“, открил овој сопруг.
Кога отишле да ја прослават годишнината, му признала дека има љубовник и дека е со него околу месец дена.
„Почна да плаче. Прво посакав да ја прегрнам и да и кажам дека сигурно не и било лесно да признае. Ме праша зошто сум толку љубезен. Не знаев. Тоа беше мешавина од инстикти, љубов и одрекувања. Претпоставував дека аферата се свела на секс и дека е готово. Со оглед на моите мани, можеби дури почувствував мало олеснување што жена ми не е толку совршена. Дури по неколку минути сфатив дека можеби повеќе намам жена. Тогаш почнав да плачам и да ја преколнувам да не оди.
За прв пат ме виде да плачам, последен пат плачев како тинејџер. Утредента ми рече нешто што не очекував, тој е постар од мене 20 гоидини. И поставував многу прашања:’дали е богат?’. ‘Дали во ист ден спиеше и со мене и со него?’. Оговараше без проблем – заработува двојно повеќе од мене, но не е богат, можеби еднаш или два пати се случило да спие и со двајцата во ист ден, но поради тоа се чувствувала ужасно. Тогаш ја симнав бурмата.“
Не го откажале патувањето на Костарика, кое го планиралле пред сето ова. Молчеле, зборувале, се смееле, се расправале, се обидувале да имаат секс… Излегувале на кафе, го водела на деловни состаноци и некаде во сета таа ситуација станале свесни колку си значат еден на друг. Тој почнал да тренира, за да го исфрли сиот срес од себе. Прв пат по средно школо имал плочки. Прв пат по осум години си купил панатлони. Тоа секогаш го правела сопругата.
„Се посветив на разни хобија и пишување како никогаш претходно. И дадов слобода и таа мене. Секој наш разговор и дружење одеднаш и на двајцата ни значеше повеќе.
Повторно почнав да слушам музика и во секоја песна ја пронаоѓав нашата приказна. По една расправија, пуштив некоја песна, а таа почна да плаче. Игравме заедно на баладата се додека не почна да плаче на моето рамо и ме замоли да го изгасам радиото.
Се уште не го носам прстенот, а понекогаш се шалиме дека и таа треба да најде нов. Во моментот додека ова го пишувам, нејзината афера не е завршена официјално, таа е на „пауза“.
Се паршувам како воопшто стигнавме до овде? Не мораше да биде се моја вина. Мора да постои и нешто во неа, нешто што додека се обидувавме да пораснеме заедно, што ја промени динамиката во нашата врска, и ја претвори од пријателство во затегнат простор.
Можеби нејзините слабости ги надополнуваа моите, можеби се беше нејзина потреба да се ослободи од сопствената несигурност и да се грижи за некој „полош“. Не знаеме што ќе биде, но нејзината афера не му стави крај на нашиот брак, тоа можеме да го направиме само ние“, напишал тој.Тие бие заедно уште од факултет. Повеќе од половина живот поминале заедно, но некаде тргнало на лошо, но не биле свесни за тоа се до моментот кога&



