ИСПОВЕД НА ЕДЕН ОД СПАСУВАЧИТЕ кај Ада Хуја: Слушнавме панично викање на деца што доаѓаше од реката…

Човекот влезе во ресторанот и почна да вика: „Повикајте Брза помош! Полиција! Автомобил слета во Дунав“ Сите шокирани излетавме надвор, келнери, музичари, обезбедувањето, гостите….Вака раскажува музичарот Владан Ѓорѓевиќ (27) од Панчево, кој со дваесетина луѓе од ресторанот „Carska ohota” ги извлекувал од водата тројцата млади луѓе кои во саботата со BMW-то слетаа во Дунав.
– Сите почнавме да ја бараме Брзата помош и полицијата. Додека трчавме накај Дунав, во правец на реката во темен мрак се слушаа гласови: „Помагајте, помош! “ СЕ траеше како миг. Одеднаш се најдовме пред реката, се држевме за рака и и ги извлекувавме од водата – се присетува на морничавата ноќ Владан. Тој вели дека тројцата млади панично викале а дека обезбедувањето им викало да се смират.
– Се обидовме да ги надвикаме, им викавме да собираат сила и да дојдат до брегот. Дунав ги влечеше на сите страни. Ништо не се гледаше само ги слушавме. Се распоредивме и почнавме да ги вадиме од водата еден по еден, – вели Владан Ѓ.
Лука Вишниќ, синот на Олја Беќковиќ не можел да мрдне.
– Видов дека раката му е повредена, бидејќи работам во Брза помош. Штом го извадивме го ставив на страна. Прво ја извлековме девојката, па возачот, па Лука. Веќе ништо не се слушаше – вели Владан.
Сите повредени ги внесовме во ресторанот. Келнерите најдоа ќебиња и ги завиткаа сите тројца. Тогаш почна нова агонија.

 

– Момчето што возело почна да вика: „Јанкел е во багажникот! Вадете го!“ Една од гостинките ја прегрна повредената Милица која викала: „Душане, а Беба (така ја викале Анастасија)“. А потоа почнаа да викаат: „Беба, Беба“. Следевме се. Излеговме повторно надвор, но ништо не се слушаше, на површината немаше ништо – вели Владан.
Додека гледа накај местото од каде ги извлекле децата длабоко воздивнува. Со замрзнат поглед кон реката едвај вели: „Сите реагиравме како еден. Ние дваесет постапивме како што секој нормален би постапил. Секој би помогнал.“
– Несреќата да се случеше 15 минути подоцна, ние сите ќе си бевме отидени дома, никој не би ги ни видел ни чул, а не сакам ни да помислам што би се случило тогаш…- велат сведоците на несреќата.Вака раскажува музичарот Владан Ѓорѓевиќ (27) од Панчево, кој со дваесетина луѓе од ресторанот „Carska ohota” ги извлекувал од водата т

Пронајдете не на следниве мрежи: