Исповед на еден Сириец: Мојата сестра не кажа ни збор година дена- да го видевте истото што и таа, би умреле на место!

Мигрантска криза жестоко ја погоди  Европа, откако илјадници луѓе од Сирија и Ирак одлучиле да побегнат од војната во татковината и да ја побараат среќата во еден од градовите во Европската Унија.Еден од нив е Мухамед, млад Сириец кој сакал да стаса до централна Европа, но поради  притисокот на ИСИС врз неговото семејство останал во Турција без пари и било каков контакт со семејството. Својата потресна приказна ја изнел пред авторот на страниците на Humans of New York.
„Пред да тргнам за Европа, се вратив во Сирија да  го видам семејството за последен пат. Спиев во штала додека бев таму, полицијата доаѓаше кај татко ми. На крај ми кажа дека морам да одам инаку ќе ме убијат“, ја почнува својата приказна Мухамед.

Потоа тој контактирал со еден шверцер и успеал да стигне до Истамбул, но потоа започнал вистинскиот пекол за него и неговото семејство.
„Сестра ми ми јави дека полицијата брутално го претепала татко ми и дека морам да пратам 5000 евра за операција инаку ќе умре. Тоа ми беа парите со кои требаше да стигнам во Европа, но  немав избор, морав да ги пратам назад“, објаснува Мухамед.
За работата да биде уште полоша, само неколку дена подоцна неговата сестра му јавила уште полоши вести.
„ИСИС ја нападнал нафтената платформа на која работеше мојот брат и ги убиле сите таму. Во паричникот му ја нашле адресата и ја пратиле неговата глава по пошта со порака  ‘Курдите не се муслимани’“.

 
Главата ја пронашла најмладата сестра на Мухамед пред година  дена и од тогаш не проговорила ниту еден збор.
„Плачев две недели без престан. Ништо немаше смисла. Зошто му се случи ова на моето семејство? Ние сме чесни луѓе, правевме се како што треба и бевме искрени кон своите соседи. Бев под голем притисок  тие денови, а потоа следеа уште полоши вести…“
Сестрите на Мухамед му јавиле дека ИСИС се приближува кон нивното село и дека се закануваат дека ќе убијат се на својот пат.

„Паднав во несвест од грижи и се разбудив во болницал. Им ги дадов на шверцерите последните пари да ги извадат од таму и сега имам само 1000 евра и не можам да си заминам од Турција“, објаснува тој.
Сепак, таткото на Мухамед успеал да закрепне од ќотекот и сега го лечат во локална болница во Сирија.
„Ме праша од каде му се парите за операција и морав да го изажам дека ги позајмив од пријател. Кажав и дека сум стигнал безбедно во Европа и дека не треба да се грижат“, ја завршува својата приказна овој Сириец.Еден од нив е Мухамед, млад Сириец кој сакал да стаса до централна Европа, но поради  притисокот на ИСИС врз неговото семејство останал во Тур

Пронајдете не на следниве мрежи: