Убава сте и обично студентка во Скопје. Важен е влезот во високото друштво. Важно е најмногу кој е вашиот промотор-контакт во тоа друштво. Доколку сте многу убави пробајте да влезете во естрадата и ќе завршите во креветите на познатите и богати политичари и бизнисмени. Рецептот е прост.
Обично девојките без добар контакт и промотор, кои се сместени по студентските домови завршуваат со улична проституција на 100 метри од домовите и кај Злате како најексклузивен посетен локал. Најмногу ги има околу Пелагонија и Континентал. Тоа се центрите на најниската и најрасипаната проституција.
Доколку имате познат во високите естрадни кругови или модни агенции, само сте на чекор да станете позната и скапа проститутка. Тоа зависи од вашиот памет и едуцираност, но и снаодливост. Никој не сака чускии и провинцијалки во елитниот свет.
Сакаат убави, негувани, едуцирани од средна но и горна класа на општеството.
Добра скапа риба нема разголени делови на тело на социјална мрежа, но правилото е да има фотка со костум за капење, и толку. Тоа го бара високата клиентела.
Мојот влез во тие кругови беше едноставен. Пратеник од една помала партија, познат тип, барал секс со две. Моја другарка од Неготино побара помош од мене, бидејќи беше сама, а и имаше скромно искуство. Беше модел од реклама на Скопско, но секогаш слаба со финансии, бидејќи со сестра наркоман, парите лесно заминуваат од дома.
Понудата беше, доколку сме две и убави ќе даде 100.000 денари за само една ноќ.
Ме молеше три дена и убедуваше дека се ќе е биде ок. Мене ми здосадија рекламите и мојот фраер, безнадежен стоматолог и алкохоличар, решив да пробам.
Пратеникот беше луд, буквално луд. Од секс скоро ништо. Обожаваше да ги лиже прстите на нозете. Сексуално извртен, а со сексот – чиста импотенција.
После 4 саати лижење и лигавење на прстите на ногата заработивме 100.000 денари. Ова го повторивме неколку пати до парламентарните избори кога тој не успеа да влезе во парламентот.
Потоа се изгуби во најефтина проституција, а неодамна дознав дека се смирил и се посветил на семејството.
Билетот за високото друштво го имавме, ги запознавме сите главни фаци од телевизии со истото темпо, неколку пејачки и многу врски по хотелите, а посебно најскапите Холидеј ин и Александар Палас, потоа неколку бизнисмени блиски на телевизијата и маркетингот на една пивара.
Приказната со првата средба заврши со конто од 7000 евра само за мене и без сексуален контакт, но добро излижани ножни прсти. И најважно контактот со македонски пејач. Тој беше остварен на еден прием на Австралискиот амбасадор во хотелот Холидеј Ин.
Станавме многу блиски, доволно да не бара да учествуваме на сите забави…
Извор: ohridsky.comУбава сте и обично студентка во Скопје. Важен е влезот во високото друштво. Важно е најмногу кој е вашиот промотор-кон