ИСПОВЕД НА ЕДНА ИЗМАМЕНА МИСИЦА: Од избор на убавица до елитна проституција…

Мерима Хаџиќ, 23 годишна Сараевка која во 2011 година се натпреварувала во изборот за Мис на БИХ проговорила за се што доживеала на оваа манифестација, а чие чело бил Здравко Зубак, сопственик на лиценцата за Мис на БИХ.Поттикната со текстот „Колку чини една титула на Мис на БиХ и кој навистина ја бира“? Кој предизвика голема бура во јавноста, Мерима на својот Фејсбук профил меѓу останатото напишала…
„Бев на еден од овие избори. Сфатив дека од прва рака победува онаа која има најјак спонзор. Уште полоша работа е тоа што овие избори се претворија во проституција“.
Во еден отворн разговор Мерима Хаџиќ раскажала за своето искуство на изборот за Мис на БиХ 2011 година.
„Условите во кои се подготвувавме беа катастрофални. Тоа се одвиваше некако далеку од центарот на градот. Исто така начинот на кој бевме третирани беше доста понижувачки, како да сме стока.“
Условот за да се пријавиш на натпреварувањето, како што тврди младата Сараевка бил да се потпише договор во кој стои дека мора да имаш спонзор.
„Тоа ми беше доста чудно бидејќи мислев дека станува збор за убавина во која не би требало да бидат замешани спонзори. Јас секако немав спонзор, ниту пак го барав, но се од почетокот се знаеше која девојка ќе победи“- Снежана Кузмановиќ“
Освен тоа моравме да плаќаме за некој извесен „бук“ , што е навистина еден голем грабеж. Тоа значи дека ние им плаќаме за да бидеме на изборот.

Изборот на Мис на БиХ е една чиста елитна проституција- кажува Мерима и додава дека со неа се сложуваат и други девојки.
Таа исто така доживеала едно непријатно искуство со фотографот Енсад Адиловиќ- Кинез
Тој на приморувал да направи фотографии кои не ги прифатила. Тоа биле гнасни понуди, бидејќи тој имал години како нејзиниот татко.
И предложувал врска и сакал да ја бакне. Освен тоа имало и уште еден случај со манекенка која прифатила пред него да се фотографира гола.
Исто кажува и дека ги терале да потпишат договор во кој тие претставуваат само робови на кои им се наредува да доведат спонзори и да работат во странство како манекенки.
Што се однесува до споменатиот фотограф Адиловиќ , тој вели дека воопшто не се сеќава која е Мерима.
„Во секој избор има барем 4-5 незадоволни девојки кои замислуваат дека можат да бидат мисици. Никогаш ниедна не била незадоволна, ниту пак имала замерки за мојата работа. Сето тоа што го изјавила таа е чиста невистина. – вели Адиловиќ.  Поттикната со текстот „Колку чини една титула на Мис на БиХ и кој навистина ја бира“? Кој предизвика голема бура во јавноста, Мерима на

Пронајдете не на следниве мрежи: