Исповед на една мајка: Во ист ден дознав дека сум бремена и дека…

Мишел Камингс (35) од Армстронг Крик во Австралија долго време не можела да забремени – таа и нејзиниот партнер се обидувале веќе година дена. Сепак, среќата им се насмевнала и таа останала бремена. Но во истиот ден дознала дека има рак на мозокот.„Почнав да се сомневам дека ќе забременам, бидејќи мојот сопруг Дејвид и јас се обидувавме веќе година дена. Сепак, овој пат се чувствував поинаку“, вели таа.
Една вечер легнала во кревет, а кога се разбудила, бла опкружена со доктори. Поради изненадниот напад кој го имала во сон, завршила во болница.
„Јас веднаш ги предупредив дека е можно да сум бремена и дека треба да внимаваат, а потоа докторот ми рече ека сум во право. Бев бремена! Не можев да верувам! Дејв и јас конечно основавме семејство. Но не можев да се радувам во потполност, бидејќи се уште не знаев што го предизвикало нападот“, вели таа.
Неколку часа подоцна ја посетил неврохирург и и рекол дека и пронашле израсток со величина на топка за голф на нејзиниот мозок.
„Ми се заврте во главата. Истиот ден ги добив најубавите вести и најлошите- за само ннеколку часа. Но поради позицијата на која се наоѓал, туморот не можел да се оперира. Сепак, добра вест била тоа што се уште не се проширил на рбетниот мозок. Не можев да верувам што ми се случува. Во себе имав мал живот за кој треба да се грижам. Како можев да се фокусирам на себе?“, вели таа.
Ја пратиле дома по неколку дена и и дале лекарства кои ќе ги спречат нападите, а нема да му наштетат на бебето. Докторите за време на бременоста можеле само да го следат развојот на туморот.
Во 12-та недела имав уште еден напад и повторно завршив во болница. Се исплашив да не му се случило нешто на бебето, но за среќа, се беше во ред“, вели таа.
Во 20-та недела дознале дека очекуваат девојче кое се родило во 38-та недела со царски рез.
„Кога го слушнав нејзиниот плач, воздивнав.бев сосема здрава. Не можев да верувам дека ние двајца створивме нешто толку убаво. Во следните неколку недели комплетно му се посветив на мајчинството. Не знаев уште колку време ми останало, па сакав да го искористам секој момент да го поминам со ќерката.

Кога малата Челси имала пет месеци, Мишел направила биопсија за да видат за што точно се работи. Откриено е дека има олигастрцитом втор степен.
„Иако мојот рак расте споро, се може да се промени за момент. Оние кои боледуваат од оваа болест живеат во просек седум години. Бев разорена. Сакав да врескам, но останав прибрана поради своето девојче“, раскажува оваа мајка.

Таа се придружила во добротворна организација и собрала 5000 долари за истражување на ракот на мозокот.
„Најважно од се ми беше да бидам добра мајка. Секој слободен момент го поминувам со неа. Имам среќа што мојот рак се уште не расте“, вели таа.
Челси сега има три години и многу е врзана за својата мајка.
„Го следам нејзиното растење и уживам во секое нејзино достигнување. Иако не знам уште колку долго ќе можам да го правам тоа. Таа е мојата инспирација, таа ми дава сила да се борам“, признава Мишел.„Почнав да се сомневам дека ќе забременам, бидејќи мојот сопруг Дејвид и јас се обидувавме веќе година дена. Сепак, овој пат се чувствував по

Пронајдете не на следниве мрежи: