Имав многу партнери и единственото што ме интересираше кај нив беше само секс, секс и секс. Сејд Колада ја започнува својата приказна со зборовите дека секогаш била многу осамена, а единствениот лек за тоа бил сексот.„Во секој момент од животот имав по пет мажи, кои во секое време можев да ги повикам за секс. Но, покрај нив барав уште. Тоа што бев одлична во кревет, беше мојата најдобра црта. Во тој момент се чувствував вредна“, раскажува Сејд.
„На 13 години ја изгубив невиноста и забременив. На 14 години не бев подготвена да бидам мајка, но родив и за детето се грижеше мојата баба.
На 17 станав зависна од маж кој беше постојано над мене, можев секогаш да имам секс. Тогаш сретнав Пол – момче со кое редовно спиев и за времето во кое бев сама, тој беше тука. Повторно забременив и родив син. Но, неговата грижливост не беше доволна и повторно почнав да изневерувам.
Забременив и трет пат, но избрав да абортирам. На 19 години веќе имав спиено со 40 мажи, а животот ми одеше кон пропаст. Два пати абортирав, имав неколку инфекции и семејни проблеми. До 22 веќе двапати бев болна од кламидија, но секоја ноќ бев во потрага по нов плен. На 26 години повторно забременив, пиев малку повеќе отколку што треба и се најдов во кревет со непознат маж. И тогаш абортирав.
На 30 години конечно побарав стручна помош и тргнав на консултации. Тоа ми помогна многу и веќе 6 години јас им помагам на луѓето кои се наоѓаат во таква состојба.
Сега сум горда со себе. Програмата која ја исполнувам, ме научи да препознаам што ме тера повторно да се вратам на старото `хоби`. Не планирам со никого да спијам уште долго време, но ако најдам некој кој ќе ме исполни и со кого ќе можам да ја почувствувам вистинската љубов, зошто да не? Сега конечно се ослободив од зависноста, не сакам да почне одново“ – вели Сејд.„Во секој момент од животот имав по пет мажи, кои во секое време можев да ги повикам за секс. Но, покрај нив барав уште. Тоа што бев одлична