Исповед на една просечна македонска тинејџерка, за тоа како и поминува еден просечен викенд

Loading...

– Епа во петок до касно имам обврски… 
 
 – Епа во петок до касно имам обврски и немаме време да се собереме кај една од другаркиве за да се облекуваме и да се шминкаме заедно, па затоа морам сама. Најчесто им каснам оти пред 19 часот никако не можам да почнам да се спремам, ви реков многу обврски имам. И така договорена сум со другарките во 22 часот, а јас по пола саат до 40 минути каснам. Инаку порано ми беше многу грд телефонот и многу се нервирав, ама сега тато ми купи ајфон и сега можам да се сликам пред огледало така дотерана, нашминкана, баш пред да излезам. Бидеќи најчесто си се допаѓам, сликата си ја прикачувам на Фејсбук. Ако не сум убава на сликата се преслекувам, се сликам повторно и пак ќе си ја прикачам на Фејсбук. И така со другаркиве брзаме да ја фатиме масата, оти резервирана ни е и може на друг да му ја даде менаџерот ако не ја земем на време. Додуша сега тој менаџерот се мува со другарка ми и секогаш имаме маса. Инаку, секогаш пијам вотка-џус, не знам, некако најубаво ми е. Кога некој не чести, можам да пијам и друго, коктели, текила… не е проблем. И така стојам в кафиќ и на 15тина до 20 минути проверувам кој ми стиснал лајк на сликата. Многу ми е јако кога некој ми стиснал лајк на сликата и сега ме гледа цело време додека сме во кафиќ. Ама јас имам многу префинет вкус, ептен сум пребирлива и ретко ми се допаѓа некој. Во последно време, кога ќе отидам со некоја другарка во WC, таму си се сликаме и после си собираме лајкчиња. И така се журкаме, се журкаме и еве дошол 1. Ако некоја од другаркиве со мува со некој од менаџерите од тој ноќниот клуб може да не пуштат и нас, ако не си фаќаме такси и си одиме дома. Дома се мијам убаво, особено заби, за да не ме сетат мајка ми и татко ми дека пушам цигари и дека локам како некоја крава. Околу 3 си легнувам, си мислам на спимпатијата, леле срцуш, колку е сладок и си легнувам. Кога ќе ми пише пред легнување си легнувам среќна, а кога нема да го начекам на Фејсбук пред легнување знам дека е со друга заглавен и нервозна легнувам. Некогаш може да не ми пише, ама важно ми е да имам многу лајкови на сликата и тогаш не ми е гајле за него, пак сум среќна.

Во сабота се будам околу 11-12 часот. Едвај се станувам да ви кажам право. Другарките ми ѕвонат по 100 пати за да станам. Ни алармиве од ајфонов не ме будат. Ама некако станувам, се спремам ставам подебел слој на пудра под очиве за да ми се покријаат подочњациве. Заклучувам дека немам ништо за носење, така пообично како за на кафе и многу се нервирам и од дома искарана излегувам… “ги мразам”. На кафе се тагнуваме од каде што сме седнати со другаркиве. Се сликаме, ако пиеме нешто над  150 денари сакаме и чашите да ги фатиме на сликата. Кога имаме повеќе пари во нас порачуваме нешто од 150, 160 денари и едно по едно ги сликаме, превкусни се. Цел викенд на сликите лајкови ни стискаат, сите сме убави. Накај 15 часот си одам дома да ручам. Не можам да ги поднесувам домашниве во последно време и одма после ручек си одам во мојат соба и до вечерта седам на Фејсбук или преспивам малце. Само што ќе се стемне се собираме кај една од другаркиве и се спремаме за вечерта.  До 21 часот сме спремни, оти мора да одеме в кафана. Пред да излеземе од  дома си правиме една групна слика, преубави сме. Иначе, јас в кафана пијам само црвено вино, не можам друго. Се развеселуваме убаво в кафана и од тука одиме да фатиме маса пак во некој кафиќ. Некако во сабота сум поопуштена повеќе пијам, повеќе играм… се случува и да не се сеќавам што сум правела. Ама ако не се сеќавам, убаво си поминувам.

Најчесто се будам во неделата дента, цела разбушавена и со растечен креон по лицево. Се мијам, се средувам на брзина и морам да се напијам аналгин, оти ќе ми прсне главата. Другаркиве ми звонеле пак долго за да одиме на кафе, ама јас во недела не можам да одам, од дома ми викаат да учам. Во сабота ви реков дека сум поопуштена и често правам глупости. Другарките ми се јавуваат ми кажуваат дека сум се мувала со бившиот, дека сум му се пуштала на другар му, дека тука бил и срцкото мој, симпатијата, ама јас сум повраќала надвор… Кога ќе се изглупирам вака многу сум нервозна и цел ден книга не можам да фатам, ама затоа постои и следен викенд за да си ги поправам грешките.
Г. Ангелески
 
  
 
 – Епа во петок до касно имам обврски и немаме време да се собереме кај една од другаркиве за да се облекуваме и

loading...
Loading...