ИСПОВЕД НА ЕДНА ПРОСТИТУТКА: „Еве како поминува мојот Божиќ…“

Една жена која веќе со години се занимава со проституција, заработувајќи за живот и го издржува своето семејство, под псевдонимот Натали Џонс, објави драматична, иако ниту малку патетична приказна за тоа – што за неа значи Божиќ.Многумина  се прашуваат како сиромашните семејства преживуваат за празниците, што е со бездомниците, старите и немоќните, младите и старите во домови кои немаат блиски луѓе да им дојдат во посета и да се насмеат со нив, но ретко кој се прашува што е со жените во секс – индустријата.
Како што кажува Џонс за „Индепендент“, нејзиниот стан во Лондон во кој и работи, во ова време изгледа како и сите други станови, односно украсен е во божиќен дух. Меѓутоа, таа нема празници, не може да си дозволи „годишен одмор“, а да биде уште полошо, во оваа време луѓето не се питоми и полни со љубов со каква што се претставуваат.
Нејзината приказна ќе ви ја пренесеме во целост:
Бадник и Нова година ми носат многу муштерии, но овој период знае да донесе и многу проблеми од вообичаено. Голема е разликата измеѓу новите муштерии и оние кои ми се верни целата година.
Работам како проститутка во својот стан во Лондон веќе пет години, а во последните две, работам самостојно, со помош на пријателка која ми служи за сигурност.
Работам и за божиќните празници. Како и сите други, го украсувам станот со новогодишни украси, лампиони, елка и подароци. Изгледа како и било кој друг стан во кој би можеле да живеете.
За празниците, Бадник ми е најпрометниот кога многу доаѓаат пијани по забавите и многу од нив ги одбивам. Сепак, од друга страна доаѓаат и постојани клиенти, прекрасни и великодушни луѓе кои дури ми носат и подароци. Од муштериите добивам многу подароци, а и соседите ми испраќаат честитки иако знаат со што се занимавам. Можеби тоа ви е чудно, но во добри односи сме…

 
На Божиќ не работам затоа што тогаш сите сакаат одмор, каква и да е работа во прашање. Среќна сум што многу жени тоа можат да си го дозволат. Затоа работам и на Стара и на Нова година и тогаш е страшно голем метеж. Меѓутоа, оваа година нема да работам на полноќ на Старата година и генерално нема да примам мажи доцна навечер затоа што едноставно не е вредно.
Бидејќи поминуваат празниците, остатокот од јануари е здодевен. По Божиќ неколку недели е мирно, затоа што луѓето се опоравуваат од алкохол и храна, а и се истрошени финансиски. Затоа и оние кои доаѓаат, сакаат да потрошат минимално. За мене тоа е тежок период, затоа што многу малку заработувам.
Меѓутоа, најмногу ме загрижуваат полициските рации за празниците. Пред неколку години имаше рација во Сохоу за Божиќ и таму беа и некои мои пријатели. Мораа да стојат на грозната зима во долна облека додека полицијата ги фотографираше и ги одземаше парите од жените како доказ дека се жртви на трговија со луѓе, а никој од нив не беше.
Становите беа запечатени три месеци, вклучувајќи го и периодот околу Божиќ, кога познаниците се обидуваа да работат прекувремено. Затоа мораа да заработуваат пари на друг начин, поголемиот дел од нив работеа на опасни места, нудејќи се на улиците.
Многу од нас имаат деца или некои други личности кои зависат од нас на било кој начин, блиски луѓе со кои сакаме да ги споделиме празниците. Работата преку зима е тешка и со страв дека парите кои сме ги заработиле за семејството ќе мора да ги дадеме на полицијата, која наводно би требала да ни помогне.Многумина  се прашуваат како сиромашните семејства преживуваат за празниците, што е со бездомниците, старите и немоќните, младите и старите во

Пронајдете не на следниве мрежи: