Исповед на една старлета: Имам 18 години и сум спонзоруша!

Исповед на „слатката мала“ или „sugar baby“ како што ја нарекуваат на запад, за тоа како со своите 18 години „заработува“ скапи вечери, патувања и им „прави друштво“ на оние со пари „но не спие со нив“.Мајката на Маја, инаку поранешна мадам која  работела во Сиднеј во осумдесетите години, вели дека нејзината поранешна професија била убава работа, но исто така тврди дека никогаш не спиела со никого  за пари. „Ги имав најубавите девојки кои работеа за мене, но беа алчни, работеа само за пари“, рекла за новинарите
„Моментално сум во автомобилот со својот придружник кој ме вози кај мајка ми“, им јавила Маја, или шугар бејби,  на новинарите. „Шугар бејби“ која ја даруваат со пари, подароци, ја изведуваат на скапи вечери… во замена за „време поминато  со постари мажи“.
„Доколку останам без кредит за мобилниот само одам онлајн и за момент стотина се нудат да платат“, вели маја.
Маја животот на сатрлета го започнала пред неколку месеци, но веќе на својата  „сметка“  има куп вечери, патувања ширум континентот.
Заинтересираните  придружници по неа праќаат авион, или доаѓаат до нејзиниот  град  „за оброк или  на активност“.

 
„Пред некој ден отидовме во ресторан и го нарачав најскапото јадење во менито, некаква печурка парти,  не ни знаев што е тоа. Изедов расни печурки и  отидов дома“, вели Маја која за одењето на вечера добива 300 австралиски долари (194 евра).
Ништо од секс
Искуството не е секогаш позитивно, и мажите често пати бараат нешто повеќе од „само вечера“. „Беше смешен тип кој сакаше со авион да ме однесе во Мелбурн со идеја  дека ќе спијам со  него. Но јас не правам сексуални работи. Да спиев со мажи, би го  правела тоа до крај, и би имала ролс фојс и апартман во Сиднеј. Но, понекогаш кога сум шворц  доаѓам во искушение“, вели чедната Маја.
Но не се само вечери  на менито. На пример, човек долетал од Хобарт по неа само  да поминат неколку  часа на плажа заедно.
„И така потоа седам со  две новчаници од 100 долари  кои  не ги имав тоа утро“, открива Маја.
„никогаш не се опивам со нив, не се дрогирам, секогаш сум трезна“, тврди оваа девојка.
Маја се надева дека наскоро  ќе се пресели во Мелбурн каде има неколку закажани интервјуа за работа, но моментално ужива во безгрижниот живот.
Вели дека единствената лоша работа во нејзината професија  е осудата која ја добива од пријателите, но дека и за тоа има лек.
„Среќна сум и тоа е се што е важно, имам пари и  се смеам“.
Според истражувањата, во Австралија има повеќе од 82.000 студентки кои џепарлакот го заработуваат како старлети. Нивната месечна заработка е околу 3.000 долари.Мајката на Маја, инаку поранешна мадам која  работела во Сиднеј во осумдесетите години, вели дека нејзината поранешна професија била убава раб

Пронајдете не на следниве мрежи: