Исповед на една студентка: Родителите не знаат дека школувањето го плаќам од проституција

Студентка на Универзитетот во Сараево својот факултет го плаќа со парите кои ги заработува од проституција. Оваа 25-годишна девојка раскажува зошто се одлучила да го продава своето тело, не разислувајќи за последиците од тоа. Вели дека се започнало кога немала пари да запише година на факултет, па му се пожалила на еден пријател, кој културно низ шега и кажал дека „со својата убавина може да заработи пари“….-Тој ми го договори првиот клиент, кој беше средновечен маж. Малку на почетокот ми беше незгодно затоа што не сакав да бидам со него. А на себе си кажав дека не сакам тоа цел живот да го прават туку само додека да завршам факултет…И така почнав- вели таа.
На инсистирањето да објасни зошто не работела нешто друго за да заработи таа одговара:
-Да. Студентките работат се и сешто, но колку заработуваат, немаат доволно ни за храна. И сепак сопственикот гледа на нив како на робинки. Ако му се спротивстват им дава отказ, а ако не се согласат на се*с исто така ги брка. Така му доаѓа исто. Од три свои клиенти заработувам просечна месечна плата.
Раскажува дека имала и многу непријатни ситуации а еве една од нив:

 

-Состанокот бил закажан во хотелска соба. Кога влегов во собата гледам двајца. Веднаш ми беше сомнително. Секако сакаа заедно а јас тоа веднаш го одбив. После нивното инсистирање и моето одбивање станаа насилни. Почнав да плачам и да ги молам да ме пуштат. На крај едниот се смилува и успеав да се извлечам- раскажува таа.
Како што наведува клиентите доаѓаат со посредници, а меѓу нив има угледни политичари и бизнисмени. Родителите ништо не знаат за нејзината работа.
Но, како што вели таа смета дека не прави ништо лошо.
-Знаете тоа во западните земји се работи според закон. Сите девојки кои се занимаваат со ова мора редовно да одат на преглед и да бидат здрави- додава.
-Не сакам да наведам никого на проституција, веројатно и јас не би почнала да работам, доколку би живеела во нормални услови односно нормална држава каде студентите би можеле да заработат додека студираат, односно да работат барем половина работно време како на Запад. Но ете морав!- вели таа. -Тој ми го договори првиот клиент, кој беше средновечен маж. Малку на почетокот ми беше незгодно затоа што не сакав да бидам со него. А на себе си

Пронајдете не на следниве мрежи: