Исповед на една жена: Беше постар, бараше да го нарекувам „тато“ и ме силуваше…

Една жена собрала храброст да проговори јавно за злоставувањето кое го трпела, а ова е дел од потресната исповест.Јас сум феминистка и горд писател кој без влакна на јазикот зборува за табу теми. Пред две години за малку ќе се изгубев поради злоставување. Како да западнав во жив песок се чувствував дека ме гуши лошата емотивна врска. Знаев кој сум, зарем не? Го знаев тоа и пред да почнам да се гледам со Питер.
Кога го запознав мислев дека разликата во годините, парите и неговата појава ќе биде тоа. Го слушнав гласот на мајка ми како ми вели дека тоа е човекот за кого треба да се омажам. Не планирав нешто такво, се случи во барот во кој работеше мојата пријателка на промоција на вотка. Го видов во костим покрај шанкот. Делуваше така отмено и високо додека зборуваше со некој клиент. Бев пијана и зборлива, го испуштив коктелот кој ми го купи и на екс го испив следниот.
Имав 21 година и лесно се вљубив. Делуваше како некој кој би бил одличен сопруг еден ден. Сите останати беа деца. Питер беше маж.

На почетокот ми се допаѓаше тоа што контролира се. Нарачуваше во ресторани  и секогаш ги плаќаше сметките. По три месеци работите се променија. Велеше дека е уморен и дека не може да ме види, а јас си велев дека тоа е нормално. Толку сакав тоа да успее што не можев да поднесам ништо друго.
Мојот најдобар пријател постојано коментираше дека Питер е насилен и ме предупредуваше. Ме сакаше само за себе. Мислев дека тоа е слатко. Ме удри по задникот, а јас се убедував дека тоа е нормално, иако почна да го практикува тоа како казна.
Доколку нешто не сторам како што треба, добивав по задникот, истото го правеше кога ќе истурев нешто. Ме нарекуваше  „мало девојче“  од самиот почеток, сега не знам дали тоа е во ред.

Бараше да го  викам „тато“, а потоа почна да се нарекува себе си во трето лице. Се убедував себеси дека тоа е само уште една од неговите особини.
Еднаш ме понижи во хотел пред персоналот. Образована жена сум, но не знаев да препознаам што е силување во врска.
А потоа се случи тоа.

Пет месеци го молев за клуч од станот и дојдов преморена од работа. Скокна врз мене. Ме совлада додека велев „НЕ“.
После тоа крварев. Конечно ми беше јасно доколку некој сака да ме искористи- го може тоа. Таа вечер умре дел од мене. Никогаш повеќе не посакав секс со него, се противев, но тој ме земаше. Потоа секој пат крварев. После многу вино му признав се на пријателот, плачев. Сакаше да го убие. После година дена ја раскинав врската. Кришум ги носев работите од станот. Сфатив дека сум со тип кој е способен да запали се.

Одлучив лично да му го кажам тоа. Тој плачеше, јас плачев… Плачев за фрлените 17 месеци, време во кое се чувствував како ѓубре.
Ми беше срам што бев со психопат и тоа толку време. На крај искуството ми даде сила да го најдам својот глас како писател и да го преиспитам својот живот. Никогаш повеќе не би била со некој кој не би ми го дал својот свет.Јас сум феминистка и горд писател кој без влакна на јазикот зборува за табу теми. Пред две години за малку ќе се изгубев поради злоставување. Како

Пронајдете не на следниве мрежи: