Исповед на една жена: Ми пукна силиконот во градите, а од нив извадија нешто одвратнo

„После четири породувања и доење на секое дете по година дена не бев задоволна со изгледот на своите гради. Како и секоја жена сакав да го поправам тоа, за да се чувствувам подобро. За тоа служи пластичната хирургија, зарем не“, ја започнува својата исповед М.С.(43)  од Белград  на која неодамна ѝ пукнал силиконот во дојката.Тогаш, на 30 години, сакала само да го реши тој естетски проблем. Но, таа, не знаејќи, купила сериозни здравствени проблеми, а кога силиконот ѝ пукнал можела да умре.
„Сосема случајно неодамна забележав дека нешто не е во ред. Пред огледало ги кренав рацете и останав потполно во шок од она што го видов. Едната дојка ми беше застранета на левата страна и довила некаков коцкаст  облик. Кога ги спуштив рацете ништо не се гледаше и дојките изгледаа сосема нормално“, објаснува жената.
Во тој момент била во странство, но сепак веднаш отишла на доктор. Докторот ѝ направил ултразук и ѝ рекол да не се грижи, дека силиконот само испаднал од лежиштето и дека се е во ред.
„Ден по прегледот, дојката ми отече, се чувствував омалаксано. Резултатите му ги пратив на докторот во Белград. Не му се допаднаа наодите. Ми рече итно да одам кај него. За среќа, го послушав и  на прегледот беше установено дека имплантот пукнал“.

Испаднало дека веќе подолг период пукнатиот силикон стоел во дојката и дека М.С. имала голема среќа што не добила сепса.
Др. Горан Јовановиќ, специјалист за пластична хирургија, кој инсистирал таа да дојде на преглед, со што практично ѝ го спасил животот, објаснува дека при пукање на силиконот може да дојде до сериозни проблеми.
„Кај нејзе пукнатиот силикон стоел  во дојката 10 до 15 дена. Секој организам различно реагира, но најчесто се јавува болка, оток, деформитет на дојката. Подоцна и температура, а крајниот исход е сепса“, истакнува Јовановиќ.

Сега кога завршило се, М. С. вели дека не е очајна, ниту пак лута, но сака другите да дознаат што  се може да се случи кога човек не е информиран.
„Ќе бидам задоволна доколку барем на една личност ѝ помогнам со своето искуство. Евтини чизми можат да се купат, евтини импланти никако. Не треба  се игра со животот. Да не го послушав  предупредувањето денес можеби немаше да бидам жива“, вели М.Тогаш, на 30 години, сакала само да го реши тој естетски проблем. Но, таа, не знаејќи, купила сериозни здравствени проблеми, а кога силиконот ѝ пук

Пронајдете не на следниве мрежи: