Некогаш одамна, младите на кои им требаа дополнителни финансии за студирање, работеа на каса или помагаа во сезонските работи. Во Велика Британија настанала друга мамка – спонзорушите сосема отворено бараат спонзори, а тарифата само што не станала јавна.Канал Радио4 објави документарец за врските на студентките и постарите имотни мажи кои не кријат дека се заедно само поради интерес. Мажите сексуален интерес, а жените паричен. Но, изгледа дека не е се така едноставно.
Во ерата на интернетот постои сајт Seekingarrangement.com кој ги поврзува девојките и спонзорите, а има преку 4 милиони корисници.
„Кога си спонзоруша добиваш многу повеќе од пари. Многу спонзори се успешни мажи и можеш да најдеш ментор, па дури и работа“, вели една од девојките која била во таква врска.
Саманта Шарат (29) нема проблем за ваквите односи да говори јавно. Со ова се занимава веќе 10 години.
„Тие велат дека не е како придружба, но се сведува на исто. Имаш секс за пари. Инаку, не изненадува фактот што најмногу од овие девојки се од Кембриџ, животот таму е скап, а опкружен си со богаташи“, вели Саманта и додава интересен податок.
Повеќето од спонзорите се професионални фудбалери или менаџери на бендови кои се спремни да платат и до 6.000 евра месечно за таква врска.
„Ми купија автомобил, часовници, ми плаќаа летувања на Бахамите. Еден од нив ми купи стан, целосно опремен. Тоа е начин на живот и можеш да добиеш што ќе посакаш“, вели Саманта.
Таа тврди дека не е се во сексот.
„Не мораш да имаш секс со него воопшто! Десет години сум била со разни богати партнери, а само еден од нив очекуваше секс. Само треба да изгледаш убаво и да бидеш размазена. Тие тоа го сакаат, а јас го сакам тоа што не морам да работам. Сите знаат со што се занимавам. Татко ми не зборува за тоа, а мајка ми мисли дека тоа е одлично“, вели Саманта.Канал Радио4 објави документарец за врските на студентките и постарите имотни мажи кои не кријат дека се заедно само поради интерес. Мажите сексуал