Исповед на гастарбајтер која го запали интернетот: Вака навистина изгледа нашиот живот!

„Секој месец праќаме дома пари, бидејќи повеќе од половина од роднините се невработени. Тие не гледаат како некои волшебници и јас таа слика не смеам да им ја расипам“, вели  еден  гастарбајтер од Босна.Турбулентните деведесети  од многу жители на Босна направиле гастарбајтери, кои  заминале во странство, каде повеќето и денес живеат. Само тие знаат како денес им изгледа животот „таму  преку“, а ретки се оние кои  ќе признаат  дека таму сепак не им паѓаат „печени пилиња од небо“, како  што мисли нивното семејство.
Еден од нив е и  Сарајлијата кој во Германија со  сопругата работи во фабрика во која чисти канцеларии, но роднините во Босна го доживуваат  како  богаташ, само затоа што живее таму.
„Секој  месец праќаме пари во Босна, бидејќи повеќето  се невработени, но и  тие кои  работат имаат многу мали примања. Тие не гледаат како некои волжебници и јас не сакам да им ја расипам таа слика. Некогаш се објаснував да им објаснам дека и  јас имам тешка работа, но моите како  да се глуви за тоа, не го слушаат тоа. Почнувам и  да се уморувам од тоа, како  да сум банкомат од кој само  влечат пари“, вели  Сарајлијата истакнувајќи  дека судбината на сите гастербајтери не  е иста и дека има и  такви  кои  добро  се снашле во туѓина. Сепак има малку такви, тврди  тој.

 
Сарајлијата наведува и случај на свој познаник, кој секоја година  пред да замине во родната Босна крева помал кредит, само за да може да ги исполни очекувањата на своето  семејство.
„Тој, кутриот, цела година го отплаќа тој кредит, работи  како  роб по две три работи и  токму кога малку  ќе се подобри, повторно му паѓа одмор во Босна“, истакнува тој, со дополнување дека во тој  период семејствата во тој периот ги „тргаат  на страна“ паричниците, па само тогаш тие ги плаќаат сметките, трошоците, одморите и  слично.

„Не сакаат  само  кога делиме пари, а инаку  за нив сме ништо. Ни  се смеат  зад грб. Повеќе пати  слушнав, кога влегуваме во кафеана, како велат „Уууу, ете ја дијаспората, види им ја опремата!“, мислејќи на тоа како  се облекуваме. Некогаш стануваат  и си одат, а некогаш остануваат и  гласно го коментираат  нашиот акцент, кога ќе уфрлиме некој ситен збор“, се жали Аднан, со потекло од Зворник, а кој, после една лоша епизода во „татковината“, одлучил на некое време сепак да не оди таму.Турбулентните деведесети  од многу жители на Босна направиле гастарбајтери, кои  заминале во странство, каде повеќето и денес живеат. Сам

Пронајдете не на следниве мрежи: