Доживотно осудената Естибализ Каранза, која во Виена ги уби своите две момчиња, ја објави книгата „Моите два животи“. Во неа детално ги опишува убиствата во кои ги исецкала на парчиња и ги забетонирала саканите мажи. Во затворот се омажила и родила син.Од наредната недела, на полиците на книжарниците ширум светот ќе се појават нејзините мемоари, во кои таа детално опишува како ги убила двајцата мажи и ги забетонирала во подрумот од нејзината слаткарница. Каранза во моментов се наоѓа во затворот Шварцау.
Во својата книга „Моите два животи“ (Meine zwei Leben), го опишува и обидот за бегство, како и раѓањето на синот и свадбата со таткото на детето во затворот.
„Не сакам ништо да разубавувам, ниту да молам за прошка и разбирање“, ги започнува своите мемоари Ледената дама – како што ја нарекуваат австриските медиуми. „Убив двајца мажи, кои еднаш ги сакав. Јас од Холгер и Манфред создадов монструми, а тие мене ме претворија во ѕвер“, напиша во книгата.
Според податоците од судењето, Каранза ја усмртила својата прва жртва со пиштол на 27.04.2008 година. Кога не успеала да го запали трупот на мажот, таа го исекла со моторна пила и деловите од неговото тело ги ставила во замрзнувач. Во есен, истата година, Каранза ги однела посмртните остатоци во подрумот од нејзината слаткарница која се наоѓала во 12. Виенска општина (Мејдлинг), каде што ги забетонирала. Таа го убила Холгер бидејќи не сакал да се исели од станот.
Својата втора жртва, Манфред, го ликвидирала на 22.11.2010 година, откако четири пати му пукала во темето. И неговото тело го исекла со моторна пила. Веднаш потоа, деловите ги ставила во еден голем сад кој го полеала со бетон. Манфред бил убиен затоа што ѝ бил неверен. Интересно е тоа дека неговата глава никогаш не беше пронајдена.
Потоа, таа му платила на еден работник да ја сруши слаткарницата, но тој го открил местото на злосторството. Кога сфатила дека е пријавена, избегала во Италија. Таму запознала нов маж и забременила. Беше уапсена на 10.07.2011 година, а две недели подоцна им беше предадена на австриските власти.
Со психијатрсико вештачење беше утврдено дека Каранза боледува од неколку трајни пореметувања на личноста. На 22.10.2012 година, беше осудена на доживотна казна затвор.Од наредната недела, на полиците на книжарниците ширум светот ќе се појават нејзините мемоари, во кои таа детално опишува како ги убила двајцата ма