ИСПОВЕД НА МАЈКА КОЈА ГО ИЗДРОГИРАЛА СВОЕТО ДЕТЕ: „Не можев да слушам како без престан плаче“

Виновна сум, се е моја вина, признавам – наведе Марија Дамјановиќ.Марија Дамјановиќ (29) од Крагуевац, мајка на бебе старо само 6 недели, во чија крв се пронајдени траги од психоактивни супстанци, вели дека таа и нејзиниот сопруг во понеделникот повикале доктор бидејќи не можеле да си го разбудат своето дете.
Брзо е направена реанимација, детето е приклучено на апарат за вештачко дишење. Лекарите велат дека за сега не можат да дадат никаква прогноза, освен тоа дека прават се за бебето да преживее.
– Виновна сум, се е моја вина. Признавам, лекарите после породувањето ме предупредија дека не смеам да го дојам детето бидејќи сум на терапија и дека тоа може да му наштети на детето. Но, се сожалив, не можев да слушам како непреќинато плаче. Му давав млеко од цуцла, но не престануваше да плаче. Ќе се смиреше само ако го надоев – вели Марија.
Марија и нејзиниот невенчан сопруг Андреја Андрејиќ (31) признаваат дека се наркомански зависници, и дека се лечат и веќе се во програмата за одвикнување.
– Препуштени сме сами на себе, тешко живееме, но за детето успеавме да обезбедиме се што е потребно. Работам скоро секој ден во шумата, сечам и товарам дрва и од тие пари живееме – раскажува Андреја.
После сослушувањето во полицијата пуштени се дома. Случајот е пријавен во тамошното  обвинителство кое ќе одлучи дали против овие двајца родители ќе биде покрената кривична постапка.
Од Центарот за социјална работа велат дека се информирани за овој случај.
– Формиравме стручен тим кој ќе направи процена на капацитетот на родителите и семејството, односно дали ќе можат и понатаму да му овозможат безбеден раст и развој на детето – вели Лилјана Ѓорѓевиќ, раководител на службата за заштита на деца и млади во крагуевскиот центар  за социјална работа.Марија Дамјановиќ (29) од Крагуевац, мајка на бебе старо само 6 недели, во чија крв се пронајдени траги од психоактивни супстанци, вели дека таа и

Пронајдете не на следниве мрежи: