Британка стара 59 години сака да ѝ роди дете на својата мртва ќерка. Една јајце клетка ќе биде оплодена со сперма од анонимен донор. Нејзината ќерка единица починала од рак на дебелото црево пред четири години, во своите 20-ти години, па сега нејзината мајка сака да ѝ ја оствари последната желба, без оглед на ризикот кој бременоста го носи во овие години со себе.Една клетка треба да се оплоди со спрема од анонимен донор, а единствен проблем е тоа што таа има 59 години, па оваа бременост спаѓа во групата многу ризични.
Таа и нејзиниот сопруг сакаат да ја остварат последната желба на својата ќерка зад себе да оствари свое потомство. Нивната ќерка единица починала пред 4 години од рак на дебелото црево.
Таа претходно замрзнала јајце клетки надевајќи се дека во иднина ќе може да роди дете, но не успеала да се избори со туморот.
Ниту една британска клиника не сакала да ѝ излезе во пресрет на нејзината мајка, која сака во својата матка да вградат оплодена јајце клетка од својата ќерка. Затоа таа се надева дека ќе успее да ги префрли јајце клетките во Њујорк каде овој начин на оплодување се наплаќа и до 60.000 фунти.
За жените во нејзини години шансите дека оплодувањето ќе успее се многу мали, а бременоста, во случај да успее оплодувањето би била многу ризична, и за нејзе и за бебето.
Сепак, таа и нејзиниот сопруг се толку одлучни да ја исполнат желбата на својата ќерка што овој случај стигнал до судот. Доколку судијата дозволи да се направи оплодување, оваа жена би била прва жена која родила дете користејќи ја јајце клетката од својата мртва ќерка.
Иако многумина не ја разбираат нивната одлука, овој пар не се откажува од својата замисла. Како што велат самите, ќерката ги замолила пред самата смрт да ѝ ја остварат таа желба.
Ени Касерли (62), која ѝ била сурогат мајка на својата ќерка која не можела да роди, е една од ретките кои ги разбираат своите родители.Една клетка треба да се оплоди со спрема од анонимен донор, а единствен проблем е тоа што таа има 59 години, па оваа бременост спаѓа во група



