Мајката од Ерменија која предизвика згрозување во целиот свет, откако наводно го оставила својот сопруг бидејќи тој одлучил да го одгледува нивното дете кое се родило до Даунов синдром, го изнесе својот дел од приказната и рече дека нејзиниот сопруг Семјуел Форест лаже.Рузан Бадаљан, тврди дека го сака својот син и дека заедно со Семјуел одлучиле дека е подбро нивниот син да расте во Нов Зеланд – од каде што доаѓа нејзиниот сопруг.
Имено, во Ерменија не постојат соодветни услови за деца со посебни потреби, што потврди и УНИЦЕФ.
Во подолгата изјава, мајката изјавила дека првата мисла која што ѝ поминала во главата откако докторите ѝ рекле дека малечкиот Лео е роден со Даунов синдром – била таа дека не сака тој да расте во земја каква што е Ерменија, бидејќи таму доминираат предрасудите кон децата со посебни потреби.
Таа рече дека и самиот доктор ѝ поставил прашање дали сака да го задржи бебето (во Ерменија често ги праќаат во сиропатилишта, а се сметаат и за срам во семејството).
„Морав да ја донесам најтешката одлука во својот живот за само неколку часа“, рече таа и го обвини сопругот дека не ѝ бил поддршка во најтешките моменти, како и дека во ниту еден момент не ѝ понудил сите заедно да си заминат во Нов Зеланд.
За да се потсетите на приказната на сопругот, одете на следниот ЛИНКРузан Бадаљан, тврди дека го сака својот син и дека заедно со Семјуел одлучиле дека е подбро нивниот син да расте во Нов Зеланд – од каде што



