Засипнат бев, помислив дека е од цигарите, па отидов на доктор, ама умрев од страв да не ми речат дека имам рак нa гласните жици. Ми олесна кога колегата ми рече дека имам само воспалување, но тогаш се исплашив и ги оставив цигарите засекогаш, раскажува за Дневник Бузалков, специјалист во болницата за белодробни болести.Најверојатно од некоја вироза. Си помислив дека е од цигарите и реков ќе одам на доктор, ама умрев од страв да не ми речат дека имам рак нa гласните жици, раскажува д-р Гоце Бузалков, специјалист по интерна медицина, супспецијалист по пулмологија и алергологија.
Тој е директор на Болницата за белодробни заболувања „Јасеново“, во Општина Чашка. Бил пушач пет години.
– Одма почнав да си мислам како е тоа со извадени гласни жици и дупче во грлото. Ужасно. Kога ми рече колегата дека с` е во ред и оти имам само воспалување, ми олесна. Тогаш се исплашив и ги оставив цигарите, не размислував ниту секунда. Оттогаш поминаа десет години. Сега дури страв ми е да и на жена ми ~ запалам цигара. Kога ќе ми рече запали ми, велам не, сама запали си – раскажува Бузалков.
Тој беше еден од учесниците на неодамнешната трибина во Kавадарци на која говореше за последиците од пушењето. Целта е, како што нагласи, зголемување на свеста кога е во прашање сопственото, но и здравјето на пасивните пушачи. И, секако, да се влијае превентивно кај потенцијалните пушачи.
Во земјава, вели тој, има страсни пушачи, кои пушат и по 4 кутии цигари дневно, некои ги „швајцуваат“ една со друга, па не пушат само кога јадат и кога спијат
Најголем број пациенти што бараат услуги во болницата „Јасеново“ се од Велес – околу 50 проценти, 12 отсто се од Неготино и 14 од Kавадарци.
– Има доста пациенти и од источниот крај, како од Македонска Kаменица и од Делчево каде што иако има почист воздух, но има пациенти – пушачи што пушат премногу, а има и пациенти кои работеле по рудници во многу чад и прашина – вели Бузалков.
За жал, нагласува тој, се зголемува бројот на пациентите со белодробни заболувања, иако пушењето не е единствениот виновник за тоа. Од друга страна, пак, пушењето негативно се одразува и врз други аспекти од човечкото здравје. А многу ретко се случува пациенти со потешки белодробни заболувања да не се долгогодишни пушачи.
– Статистиките говорат дека с` повеќе жени и деца пушат цигари. Во нашата установа ако направиме анкета, навистина жените повеќе пушат. И нашите пациенти се главно пушачи. За жал, и по примањето на инфузиите и други лекарства, тие излегуваат во болничкиот двор и повторно палат цигара. Kога станува збор за младите, мислам дека пушат поради некаков имиџ, се поистоветуваат со возрасните, со родителите, со некои идоли од филмови или естрадата и слично – додава Бузалков. Тој во разговорот посочи и друг приватен пример. Вели дека е многу среќен што неговите два сина не пушат, пушела цигари само сопругата, но вели, по малку.
ВИНО И Ж’ТА СО МЕРА, ЦИГАРИ НИКАКО
Трибината насловена „Пушењето и штетните ефекти од него“ беше организирана од Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ од Kавадарци.
Претседателката Анита Гинова Kаракутова нагласи дека пушењето е актуелен и сериозен проблем, кој не засега сите. Советникот во Советот на Општина Kавадарци Слободан Ивановски нагласи дека лекарите дозволуваат вино и ж’та со мера, како лек, но цигари никако, оти тие се само болест.
Извор: ДневникНајверојатно од некоја вироза. Си помислив дека е од цигарите и реков ќе одам на доктор, ама умрев од страв да не ми речат дека имам рак нa гласнит



