Имав многу тешко детство и бев многу тврдоглаво дете. На 16 години го запознав „совршениот маж“ 8 години постар од мене, барем така мислев. Ме носеше како капка на дланка, ми кажуваше бајки а јас уживав. Многу брзо забременив. Иако се преплашив одлучив да го задржам бебето а тој ме поддржуваше во тоа. Родителите сакаа да абортирам бидејќи се уште не го завршив школото но јас не попуштив. Конечно го родив своето девојче, својата принцеза!Но тогаш почна и мојот кошмар! Тој работеше во „фирмата на татко му по 12 часа“ а јас бев сама дома со бебето.
Учев со бебето во една рака и со книгата во друга. Кога господинот тако ќе се одлучеше да се појави дома беше премногу уморен за да го земе детето на 10 минути за барем да се итуширам. Барања како на пример палачинки на полноќ ми беа секојдневие. Толку уморна една вечер се обидов да го успијам бебето но тоа плачеше премногу. Се фатив себе си како размислувам да го фрлам од подот за да престане да плаче.
Побарав и психолошка помош поради што „мојот совршен сопруг“ ме нарече луда! Откако родив не сме спиеле заедно бидејќи сум „дебела“ и му се гадам! Имав само 55 кг на висина од 170!!!
Еден ден одлучив да го изненадам па со бебето в раце се упатив на другата страа од градот. Конечно стасав. Го барав својот совршен господин но ми кажаа дека тој веќе не работи таму веќе 10 месеци!!! Неговиот татко знаел се но и понатаму му давал плата.
Конечно дознав каде талка по цели денови. Да, да имаше друга! Пет гкилограми послаба и за него совршена! Тогаш ми пукна филмот и го оставив… Ја гледаше својата ќерка во следните 3 години а потоаедноставно го смени бројот и адресата и исчезна од нашиот живот.
Неодамна дознав дека добил дете но дека таа жена не знае дека бил женет и дека има дете. Сега мојата ќерка има 2 години и мојот сегашен сопруг го нарекува татко. Имам три деца, прекрасен и посветен сопруг, куќа и работа… Се што можев да посакам за своите деца и себе! Завршив средно училиште и работам во банка како и мојот сопруг и уживам во животот! Изгледа дека морав да минам низ пекол за да знам да го ценам она што го имам денес. Никогаш не зажалив заоа што родив толку рано, но беше тешко… многу тешко….Многу брзо забременив. Иако се преплашив одлучив да го задржам бебето а тој ме поддржуваше во тоа. Родителите сакаа д
Пронајдете не на следниве мрежи: