Секогаш повеќе се зборува за женската отколку за машката придружба. Но, корисниците на форумот „Редит“ имаа прилика да му постават секакви прашања на 29-годишното момче за придружба, кое се понуди да одговори на нивните скокотливи прашања.Младото момче е по потекло од Австралија, живее во Лондон, сингл е, има кафена коса, сини очи и затегнато тело, според описот на вебсајтот.
На прашањето каде ги „придружува“ своите клиенти, тој одговори:
„Одиме на вечера, во казино, на приватни јахти, во познати летувалишта итн. Но, најчесто тие доаѓаат кај мене или се состануваме во хотел“.
Тој истакнува дека започнал да работи како деловна придружба пред десет години и се чувствувал многу подобро, бидејќи претходно работел канцелариска работа во една фирма.
Тој напиша дека неговите клиенти се претежно од машки пол, и истакна дека сепак повеќе ги сака жените и трансексуалците.
На прашањето дали има можност да ужива во сексот заради свое лично задоволство, тој напиша:
„Не е дека не го сакам сексот со моите машки клиенти, уживам во него, но сексот со мажи е само мал дел од мојата сексуалност, а кога би немал секс со жени или трансексуалци би бил незадоволен“.
На прашањето дали ужива во работата и колку ги наплаќа услугите, тој напиша:
„Ја сакам мојата работа. Наплачам околу 150 фунти по час за повици во државата, а 200 фунти ако треба да одам некаде надвор од државата. Некогаш наплаќам и повеќе, во зависност од тоа каде морам да патувам. Колку што е дестинацијата подалечна, толку е поголема и цената“.
На прашањето на што никогаш не се согласува да работи одговори:
„Никогаш не правам тројки со мажи, не земам дрога за време на „работата“, и никогаш не се бакнувам. Не сакам кога клиентите се напорни и пијани и кога не се чисти и избањати“.Младото момче е по потекло од Австралија, живее во Лондон, сингл е, има кафена коса, сини очи и затегнато тело, според описот на вебсајтот.