Исповед на мигрантот Ахмед: „Црквите во Европа ќе бидат заменети со минариња. Тоа е одмазда“

Рускиот весник „Комсомолскаја правда“, ја објави репортажата на новинарката Дарја Асламова, која ги посети Србија и Унгарија. Во продолжение можете да прочитате дел од нејзините впечатоци од Белград и Кањижа.„Еден парк во Белград, во близина на автобуската станица, изгледа како и секој друг парк од некоја европска престолнина. Мажи се мијат на фонтаната, цели семејства спијат на тревата. Откако стигнав во паркот, група момчиња на англиски ме предупредија дека не смеам да снимам со камера“ – Дарја ја започнува својата репортажа.
Гратчето Кањижа коешто се наоѓа на српско-унгарската граница, е преполно со бегалци. Кафеаната Венеција се отвора во девет часот наутро, а бегалците таму можат да ги наполнат своите нови Ајфони и лаптопи, да одат во тоалет или да мијат коса во мијалникот. Во вечерните часови, центарот на Кањижа е преполн.
Над стотина луѓе се сместени на двата централни плоштада. Ги има до 2.000 души. Стемнувањето е знак за поаѓање. Групи бегалци од по 30 до 50 луѓе се подготвуваат илегално да ја преминат границата со Унгарија.
Жителите на Кањижа молчешкум ги набљудуваат црните сенки на имигрантите.
„Излегуваат од градот, а потоа ги собира ромската мафија“ – вели таксистот Виктор. „Ние не смееме да возиме илегалци, но Ромите прават што сакаат. Тие се главни криумчари на мигрантите ширум балканската рута. Ромите го довезуваат бегалците скоро до граница, а потоа низ ги превезуваат до шумата во Унгарија.
„Сѐ започна во јануари. Луѓето почнаа организирано да пристигнуваат секој ден. И протокот се зголеми. Искрено, се исплашивме што ќе се случи со нас“ – вели Виктор.
Дарја го посетила и паркот во Белград каде што се собираат бегалците. Таму разговарала со бегалецот Халид кој ѝ рекол дека заедно со неговите другари избегале од Сирија за да не бидат регрутирани во војска.
„Зошто да се борам за Асад? Попрво би отишол во Германија“ – рекол тој.
Зошто не барате азил во Грција, Македонија или тука во Србија?
„Тоа се сиромашни земји, со презир“ – вели Халид. И продолжува:
„Не ни знаев дека Европа е сиромашна. Во Сирија пред војната живеевме многу побогато и подобро. Само на пат кон Белград им платив на посредници 3.000 долари. До Германија ќе морам да платам уште 1.500. Имам пари. Можам да платам хотел со пет ѕвезди во Белград, но не ми е дозволено затоа што локалните власти нѐ дадоа само 72 часа да останеме во земјата. Мојата регистрација истекува денес. Дури и овде плаќам за туш и тоалет. Но, во Германија сѐ ќе биде бесплатно: образование, помош, куќа. Добро ми е така. Сакам да одам на економски факултет. Откако ќе се сметсам, ќе го преселам и моето семејство -двајцата браќа, татко ми, мајка ми, баба ми и трите сестри“ – вели тој.

Бегалците во Белград не се исти како оние сириски бегалци коишто ги имам видено во Либан, – оние што изгубиле сѐ и кои полека умираат под бруталното сонце во преполните кампови, раскажува новинарката.
Сите оние мигранти коишто успеале да стигнат во Европа се елита. Со пари и со цел. Полицијата признава дека постојат екстремисти меѓунив. Но, полицијата може да земе само отпечатоци од прсти. Тоа се тн. „слипер терористи“. По потреба ќе се „разбудат“ и Европа ќе ја преплават со тероризам.
Со д-р Ахмед (како што ми се претстави), се запознав во Кањижа во кафеаната Венеција. Тој е со темно сјајно лице, дебел, истурени полни усни и раце на хирург, претпоставувам. Пиеше кафе и пушеше цигара. Разговаравме за тоа што е модерно а што не е во војната и за тоа дека сите бегалци ги уверувале локалните власти дека се од Сирија.
„Европа не сака да чуе за бегалците од Ирак и Авагнистан. За нивниот случај се подготвени да ги затнат ушите. Навредливо е да се зборува за бегалците од Либија. Франција и Велика Британија ја бомбардираа мојата земја, а сега се прават дека не нѐ забележуваат. Тие велат:ние ви ја донесовме демократијата, а вие не успеавте да ги искористите плодовите на слободата! Всушност, вие Либијците треба да се срамите што ги изневеривте нашите очекувања. Испаднав будала. Бев во еуфорија кога беше симнат Гадафи. Мојот син беше момче, воодушевен од револуцијата, а на крај загина“ – вели Ахмед.
Тоа е тој фатализам и воздржаност на жител од муслиманскиот исток.
„Се надевам дека во Европа ќе ја искористам дипломата. Добро го познавам англискот јазик. Можеби ќе имам среќа“ – додава тој.
Новинарката посочила дека не е вина на луѓето од регионот што Блискиот Исток и Северна Африка се дават во крв.
„Немам забелешка за нив. Но, Грција, Унгарија, Словачка и Хрватска се членки на НАТО. Тие не ја бомбардираа мојата земја, но зарем не плаќаат пари во воениот буџет на НАТО? Зарем не праќаат свои војници во Авганистан и Ирак? Тие нема да ја избегнат казната. НАТО е крвав окупатор на Блискиот Исток и слабата Европа, која му се препушти на американскиот Сатана ќе биде уништена. Нашите жени ќе родат многу деца. Лицето на Европа целосно ќе се смени за пет години. Јас на тоа не се радувам. Ја почитувам европската култура и не сакам наместо цркви овде да стојат минариња. Но, ќе биде така. Тоа е одмазда. Ишала“ – вели Ахмед.
Извор: KP.RU„Еден парк во Белград, во близина на автобуската станица, изгледа како и секој друг парк од некоја европска престолнина. Мажи се мијат на фон

Пронајдете не на следниве мрежи: