Бев на 12-годишна возраст кога во живо ја видов Мајката Божја. Тоа се случи во трпезаријата на манастирот „Света Богородица“ во Согле, каде што вечеравме. Вака ја почнува својата исповед м-р Миле Гиновски, криминолог од Скопје за весникот Дневник.– Во моментот кога се прекрстивме, забележав како од мојата лева страна доаѓа светлина. За кратко светлината стана уште посилна. Во неа забележав нешто како елипса, видов жена која држи дете во рацете и доаѓа кон нас. Се поднасмевна, не` благослови со рацете и си замина. Целиот свој живот го чувствувам божјиот благослов, мислам дека токму Мајката Божја ме штити, раскажува Гиновски. додавајќи дека не постојат доволно убави зборови да го опише тој момент.
Инаку, тој е претседател на манастирскиот одбор и потсети дека овој духовен објект се гради по божји благослов и со чесни, посветени, добронамерни луѓе што имаат љубов кон Бога.
Млади добивале пород по долго чекање. Невреме престанувало тогаш кога се чинело дека никогаш нема да престане, како со нож пресечено. Помош од неа барале луѓе од земјава, но и од странство. Самата си претскажала дека нема да умре дома и навистина пред една година умрела токму во манастирот. Таквите чуда, според него, сега кога повеќе ја нема старицата чудотворка, се случуваат благодарение на светиот објект, кој беше украсен со извонреден венец, претходно исплетен од цвеќиња.
Манастирчето се наоѓа на ридот над селото, на петнаесетина километри од Kавадарци, во прекрасна природа, во подножјето на планината Kожув. Извонредно беше чувството да се биде таму, тогаш кога во градот владееја пеколни горештини. Да се проба од вкусното манастирско гравче и толчениот пинџур.
Под манастирчето има света лековита вода со која верниците си ги мијат рацете и лицето, а си полнат и за дома. Тука ќе забележите и детска нишалка, која на симболичен начин ја продолжува традицијата од минатото кога на такви лулашки се залулувале деца за здравје и среќа. За разлика од првиот пат кога таму беше буквално дивина и тешко можеше да се пристапи, меѓу другото, и поради стрмнината, сега има направено скали по кои верниците и верските туристи непречено може да се симнат.
– По кажувањата на бабата, во овој манастир е дозволено да се палат свеќи само за здравје, не и во спомен на мртвите. Овде може да ја најдат сопствената среќа сите оние на кои тешко им оди да се омажат, оженат или оние што не можат да имаат деца – тврди Гиновски.
Порано на бабата и` се сонило дека извесен човек треба да ја открие светата вода во близина на Гарниково за да му оздрави детето што му било болно. Тој не поверувал во тоа и, за жал, детето лошо му завршило, не оздравело.
– И нам сигурно немаше добро да ни биде ако не ја уредевме водата, па затоа се зафативме со оваа работа во која веруваме – ни рече скопјанецот Апостол Ѓурчиновски, еден од членовите на одборот.– Во моментот кога се прекрстивме, забележав како од мојата лева страна доаѓа светлина. За кратко светлината стана уште посилна. Во неа забел