Исповед на нимфоманка: Ниту заразните болести, ниту семејството, ниту киретажите не ја спречилe да сака уште

На Сеј Колади романтиката никогаш не ѝ била важна. Таа имала само една работа на ум додека влегувала во ноќните клубови во потрага по мажи. СЕКС.„Отсекогаш сум била сама. Откако станав свесна за себе, а единствениот лек за мојата осаменост беше секс. Во секој момент од својот живот имав пет мажи кои можев да ги повикам за секс. И покрај нив, барав уште. Тоа што бев добра во кревет, всушност беше моја најсилна страна. Тогаш се чувствував вредна“, вели Сеј.
За нејзе сексот бил најважната работа во животот. Околу него се вртело се.
На 17 години станала зависна од тоа да има покрај себе маж со кој  би стапила во однос. На 19 веќе спиела со 40 мажи.
Нејзиниот опасен начин на живот ја водел во пропаст – имала два абортуса, неколку сериозни инфекции и проблеми со своето семејство.
На 30 години конечно се одлучила да побара професионална помош и да се приклучи во состаноци за сексуални зависници. Сето тоа и помогнало да апстинира шест години и денес да им помага на другите кои се наоѓаат во слична ситуација.
„Сексуалната зависност главно ја поврзуваат со мажите, но секако, постојат многу жени кои се борат со овие проблеми. скоро 13 години живеев во еден многу мрачен, осамен свет кој сама го створив и од кој не умеев да излезам. Не знаев. Не сакав. Кога конечно се осудив да излезам надвор, почувствував огромно олеснување“, објаснува таа и додава дека таа зависност е како и секоја друга  и дека еднакво ги прави деструктивни и депресивни.

Сеј ја изгубила невиноста кога имала само 13 години и веднаш забременила. Детето го родила на 14, а сето тоа оставило големи психолошки последици на нејзе.
Судот се согласил нејзината баба да биде старател на ќерката на Сеј, а на тој начин и таа можела да биде покрај своето дете.
„Тогаш бев многу осамена и барав внимание. Полека станував очајна“, вели Сеј. Кога имала 17 години, го запознала Пол, момче со кое  почнала редовно да практикува секс и тогаш тој станал замена за нејзината осаменост.
Сепак, тоа не било доволно. Апетитите ѝ растеле и тогаш се почесто се впуштала во потрага за оној кој ќе го задоволи нејзиниот апетит.
„Кога немав интимни односи,   чувствував страшен пад на расположението. Станував депресивна и фрустрирана“, вели таа.
На 17 години го родила второто дете, синот Ендру, а на своето момче Пол му рекла дека бебето е негово иако не била сигурна во тоа. По раѓањето на второто дете, Сеј дала се од себе да остане верна, но барала Пол да ги задоволи нејзините апетити и барала да имаат секс неколку пати на ден.

Сепак, сето негово внимание не било доволно, и наскоро повторно почнала да го изневерува и повторно останала бремена.
Овој пат  решила да ја прекине бременоста.
До 22 години Сеј преживеала хламидија два пати. Покрај болестите и децата кои ја чекале доам, Сеј секоја ноќ, без исклучок се впуштала во потрага по нов плен.
„Не се сеќавам најјасно на својот живот помеѓу 25 и 30. Мојата зависност зема замав и се се случуваше како низ магла, која како да го гасеше и тоа малку живот во мене.“
На 26 години повторно забременила. И повторно абортирала. По киретажата, се напила и се впуштила во секс со непознат маж.

„Не знам на кој начин успевав да ја задржам работата како консултант. Ми беше многу напорно да се контролирам  и во канцеларија, а еднаш дозволив да ме надвладеат  страстите и спиев со колега“, вели таа.
Со горчина се потсетува на ситуацијата кога, поради својата завист, заборавила да ја плати киријата и морала да ги прати децата кај семејството.
На 30 години побарала професионална помош и прифатила целибат. Сек Коладе апстинира од 2009 година и вели дека сега конечно ја вратила контролата над својот живот.

„Се гордеам со себе. Програмата која ја вежбав ме научи да ги препознаам знаците и да се воздржам повторно да се најдам во пеколот. Не планирам да имам секс во догледно време, а утре ако наидам на некој кој ќе ме исполнува и покрај кого ќе ја почувствувам  вистинската љубов, зошто да не. Сега конечно се ослободив од оковите на зависноста“, вели таа.
И покрај своето закрепнување, Сеј секој ден се буди со чувството на вина и со горчлив вкус на каење за животот кој некогаш го водела.„Отсекогаш сум била сама. Откако станав свесна за себе, а единствениот лек за мојата осаменост беше секс. Во секој момент од својот живот има

Пронајдете не на следниве мрежи: