Ова е неговата исповед:Ова е неговата исповед:
Мојата жена е слепа. Она што ме мачи е тоа што не можам физички да се поврзам со неа. Неодамна посетив сексуален терапевт, а тој ме советуваше да мастурбирам. Но, чувствувам некаква вина кога го правам тоа. Јас и мојата сопруга не сме имале секс цели осум години, а имам нормални машки нагони. Ја сакам, но не можам да бидам физички близок со неа. Тоа негативно влијае на нашата врска. Толку многу сум опседнат со сексот, што тоа почна сериозно да ми влијае, пренесува еден медиум.
Ова е советот на експертите:
Немојте да си судите себеси. Постојаното очајување не е начин на кој би требале да живеете. Ти си само човек и мораш да пронајдеш начин да ги исполниш своите потреби. Ако ти смета идејата за мастурбацијата, имај на ум дека мнозинството експерти во областа сексуална наука сметаат дека умерената мастурбација е нормална, здрава и целосно прифатлива.
Јасно е дека квалитетот на ваквиот живот е нарушен кога не си во состојба да постигнеш физичко задоволство и ослободување. Ти си во положба кога мораш да се грижиш за друг, а таа промена во вашиот однос е своевиден облик на губиток што често води во депресија.
Ако не го задржиш физичкото и менталното здравје, нема да можеш да и бидеш од корист на својата сопруга. Вежбај, обиди се да медитираш и практикувај јога за ублажување на стресот и намалување на опседнатоста со секс. Обиди се да пронајдеш некаков спорт во кој би се поврзал со другите луѓе.Ова е неговата исповед:
Мојата жена е слепа. Она што ме мачи е тоа што не можам физички да се поврзам со неа. Неодамна посетив сексуален те