Исповед на Петар: Се допишував со девојка на Фејсбук, а на состаникот се појавил ТОЈ и ми го уништи животот

„Се надевам дека некогаш повторно ќе можам да водам нормален живот. Сега тоа ми делува невозможно“, вели Петар. Петар (16) е средношколец кој упаднал во една од многуте стапици на трговците со луѓе. Кога почнал да се допишува преку фејсбук со девојка, мислел дека ѝ се допаѓа. Се договориле да се видат, но на состанокот Петар сфатил дека таа всушност е маж кој лажно се представил и кој сега го држи во рака.
Закани и уцени станале составен дел од животот на Петар, а тој чувствувал дека дошол до работ.
„Девојката која се представи како Т. прва ми прати порака на Фејсбук и неколку дена се допишуваме. Но, набрзо потоа бараше да ѝ пратам некои слики на кои сум гол. Постојано ми ласкаше, флертуваше со мене, а јас барав да се видиме. Се согласи дури кога сторив се што сакаше и ѝ пратив голи слики“ се присетува Петар.
Таа вечер бил нетрпелив и се радувал што конечно ќе се видат, но потоа доживеал шок! Наместо девојката која ја очекувал, се појавил маж и седнал на масата на Петар. „Не се двоумеше ни малку, веднаш ми кажа кој е, дека работата му е трговија на луѓе, дека дека ги има сликите на кои сум гол и дека морам да појдам со него доколку не сакам да ги прати на моето семејство и пријателите. Бев исплашен и се чувствував без контрола над животот . Станав и избегав.“
Следниот ден момчето пеживеало пекол. Непознат маж го следел, секое утро кога одел на училиште го напаѓал пред домот. Имал чувство дека знае се за него и прв пат се исплашил за себе и семејството. „Ми вршеше притисок секојдневно. Ми праќаше заканувачки пораки во кои ми ставаше до знаење дека ме држи во рака и дека немам излез. Помислував на најлошото, да си го одземам животот и така да се сочувам од срамот“, вели Петар.
Баш во тоа време слушал приказни за другар од средно училиште кој го имал истиот проблем и на кого сите му се смееле. Се плашел од осуда и решил да не дозволи да му се случи такво нешто.
„Се чувствував се полошо. Не можев да јадам, на училиште немав концентрација, станав неподнослив, дури не смеев ни да излезам од дома. Имав само два избори: даму кажам на татко ми или да го сторам она што непознатиот маж го бараше од мене“, вели момчето.
„Одлучив да му кажам на татко ми се. Чекав со часови да си дојде од работа. Помина 20 часот кога конечно се врати. Но не можев. Ми беше срам. На крај само му кажав дека одам надвор со друштво. Тој, секако беше пред куќата и чекаше. Кога влегов во автомобилот, станав жртва на порнографија, бидејќи моите фотографии набрзо осамнаа на порнографски сајтови“, вели Петар. Дури после неколку години успеал да се извлече така што собрал храброст и ми раскажал се на својот татко. Но, она што го преживеал до тогаш оставило голема трага на него.

Пронајдете не на следниве мрежи: